за

ЕУ може да стане зависна од батериите од Кина исто како со гасот од Русија

Извештајот што го подготви шпанското претседавање со Унијата ќе се користи како основа за средбата за економска стабилност на европските лидери.

Webasto производство батерии

Европската Унија може до 2030 година да стане исто толку зависна од Кина за литиум-јон батерии и горивни ќелии, како што беше зависна од енергијата од Русија, пред војната во Украина. Од лидерите на ЕУ се бара да преземат крупни зафати.

Документот до којшто има пристап Ројтерс, ќе се користи како основа во разговорите за стабилноста на европската економија, за време на средбата на лидерите на ЕУ во Гранада, којашто ќе се одржи на 5-ти октомври во Гранада.

Загрижени од силниот пробив на Кина во светски рамки и од економската моќ на земјата, лидерите ќе разговараат за предлозите на Комисијата на ЕУ, со коишто треба да се намали опасноста, Европа да стане премногу зависна од Кина. Вниманието треба повеќе да се насочи кон Африка и Латинска Америка.

Во документот се наведува, дека поради непостојаната природа на обновливите извори на енергија, како што се соларната енергија или ветерот, Европа мора да наоѓа начини да ја сочувува енергијата. Тоа е еден од условите за да може да се постигне нулта емисија на СО2 до 2050 година.

„Тоа нагло ќе ја зголеми нашата побарувачка за литиум јон батерии, горивни ќелии и електролизери, за којашто се очекува да се зголеми за 10 до 30 пати во следните години“, пишува во документот што го подготви шпанското претседавање со ЕУ.

Додека ЕУ има силни позиции за да произведува електролизери, со удел од преку 50 проценти на светскиот пазар, таа многу зависи од Кина за горивните ќелии и литиум кон батериите, коишто се клучни за електричните возила.

„Без примена на строги мерки, европскиот енергетски екосистем може до 2030 година да стане зависен од Кина, исто како што беше зависен од Русија, пред интервенцијата во Украина, иако таа зависност е од друга природа“, се наведува во документот.

Според Европската Комисија, во 2021 година, една година пред руската интервенција во Украина, ЕУ набавуваше од Русија повеќе од 40 проценти од вкупната потрошувачка на гас, 27 проценти од увозот на нафта и 46 проценти од увозот на јаглен.

Престанокот со набавка на енергија од Русија предизвика ценовен шок на енергијата во ЕУ, а поттикна и инфлација, што водеше кон тоа Европската Централна Банка нагло да ги зголеми каматите, како потег што го запре економскиот раст.

Литиум јон батериите и горивните ќелии не се единственото подрачје во коешто е повредлива ЕУ, пишува во документот од шпанското претседавање.

„Слично сценарио може да се одвива во просторот на дигиталната технологија“, се наведува понатаму во документот. „Според предвидувањата, побарувачката за дигитални уреди, како што се сензори, дронови, сервери, опрема за чување податоци и мрежи за пренос на податоци, нагло ќе се зголеми во текот на оваа декада.“

„Позицијата на ЕУ е релативно силна во последното подрачје, но покажува големи славости во останатите подрачја“, наведува документот.

До 2030 година, зависноста од странство може во голема мера да го спречи зголемувањето на продуктивноста, што итно им е потребно на европската индустрија и на услужните дејности. Тоа може исто така да ја попречи и модернизацијата на агрикултурните системи, што е клучна за борбата против климатските промени.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Land Cruiser 250 имаше европска премиера на буш-такси собирот во Тиринген

Четвртина милион примероци од Kia Picanto возат во Обединетото Кралство