за

Toyota Relax: Револуционерна 10-годишна гаранција за Toyota и Lexus во Македонија

Повторно се докажува рекордерот и пионер во автомобилската бранша. Toyota во Македонија нуди 10-годишна гаранција, вклучувајќи ги возилата од премиум марката Lexus.

Сите возила на Toyota и Lexus што ќе се изнесат нови од салон, возат со гаранција од производителот додека возилото не наврши 10-години или помине 185.000 километри. Гаранциската услуга може да се примени и на возила Toyota што веќе се во употреба, до одредена старост и километража.

Уште една револуција од Toyota и воедно потврда за македонскиот увозник Тојота Авто Центар како дел од големата мрежа на марката. За сите возила од марката Toyota што ќе се преземат нови од салон, важи гарантен период во времетраење од 10 години или најмногу 185.000 километри. Новата гаранциска услуга на Toyota се води како Toyota Relax и претставува услуга што под истото име и во истиот обем се нуди ширум Европа.

Според увозникот, Toyota Relax е „иновативна гаранција без слична понуда на пазарот на возила во Македонија“. Гаранцијата важи и за премиум марката Lexus, под името Lexus Relax. Станува збор за „прва гаранциска услуга од ваков вид во автомобилската индустрија во Македонија, што е неспоредлива по опфат и времетраење со кој било друг производител“, наведуваат од Тојота Авто Центар во официјалното соопштение.

Како што порачува и името нагаранциската услуга, целта е на сопствениците на возила од брендот Toyota да им се овозможи големо спокојство во секојдневието со својот автомобил. Програмата за гаранција се однесува на сите нови возила, испорачани по 1-ви јуни 2021 година од овластениот застапник на Toyota во земјата. Предноста на Toyota Relax е тоа што програмата со одредена доплата е достапна и за сите користени возила со старост до 10 години или изминати 185.000 km.

По секој годишен периодичен сервис на возилото во овластен сервисен центар на Toyota, односно при редовното сервисирање на возилото, клиентите добиваат продолжена гаранција што важи до следното периодично техничко одржување, согласно планот за одржување на соодветниот модел (најчесто на 12 месеци или 15.000 km, зависно од тоа кое настапува прво). За моделите со подолг сервисен интервал, на пример 2 години, активираната продолжена гаранција трае 2 години од датумот на периодичниот сервис.

Услов за активирање на Toyota Relax е на возилото да му останува помалку од една година до истекот на фабричката гаранција или да е со километража поголема од 85.000 km. На тој начин, без разлика дали станува збор целосно ново Toyota возило, или користено возило, сопственичките и сопстевниците можат да бидат спокојни во поглед на гаранцијата до 10 години или 185.000 km, благодарение на најфлексибилната продолжена гаранција на пазарот.

Гаранцијата Toyota Relax се однесува за сите модели од марката, без оглед на нивниот мотор, погонски систем или каросериска изведба, сé додека ги исполнуваат условите на програмата. Тука се вклучени сите патнички и лесни комерцијални возила на Toyota.

Гаранцијата важи и за целиот асортиман на премиум брендот Lexus, под името Lexus Relax. Така, без разлика дали се работи за возило со бензински, дизел или хибриден погон од моделите на Toyota и Lexus, можете да се искористат сите погодности на продолжената гаранција.

Програмата Toyota Relax важи само на територијата на Македонија, Бугарија и Албанија, а при патување во други земји гаранцијата може да се користи при престој кој не е подолг од 90 последователни денови, во која било од земјите наведени во Условите на Toyota Relax.

Врска до официјалната страница на увозникот https://www.toyota.com.mk/article/garancija/

Доколку новото возило веќе има активирана гаранција Toyota Relax, таа ќе остане важечка до истекот на нејзината валидност, согласно датумот за периодичен сервис. Обемот и времетраењето на покритието на програмата Toyota Relax е природно продолжение на филозофијата на Toyota за тријадата „сигурност, безбедност и квалитет” за сите возила од марката, со кои производителот е познат на глобално ниво. Создадена за да биде лесна за разбирање и примена, програмата е насочена целосно кон потребите на клиентите се со цел да им овозможи целосно спокојство и задоволство од поседувањето на возило од гамата на „Toyota“ и „Lexus“. Програмата за гаранција исто така ја зголемува вредноста на користените возила, што носи директни придобивки како за сегашните сопственици, така и за идните кои ќе возат возило одржувано во овластената дилерска мрежа на Toyota и Lexus во земјата.

Меѓу другите предности за сопствениците, коишто се влучени во програмата Toyota Relax, е тоа што возилата ќе бидат сервисирани од тим на меѓународно сертифицирани техничари во сервисите на Toyota и Lexus, со користење на оригинални резервни делови и компоненти од марките при извршување на сервисирањето. Со транспарентен ценовник на услуги и резервни делови, како и работа со оригинални аксесоари, Toyota Relax ја надминува идејата за програма за гаранција, обезбедувајќи им дополнителна вредност на своите клиенти преку многу поволности, за тие да уживаат во возењето и поседувањето на своите возила со целосно спокојство.

Целосните Услови за користење на гаранцијата Toyota Relax се достапни на веб-страницата на Toyota Авто Центар на следниот линк: https://www.toyota.com.mk/article/garancija/

Галерија од нашето возење на Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid по источното крајбрежје на Преспа

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Концептот Skysphere го прикажува изгледот на Audi во иднината

Mercedes произвел над 200.000 комбиња во фабриката во САД