Фабриката започнала како погон за монтажа на готови модули во 2006 година. Mercedes вложува нови 50 милиони евра за Чарлстоун во 2023 година да започне со производство на новата генерација на eSprinter.
Од јуни 2006 година, во фабриката на Mercedes во Јужна Каролина се произведоа повеќе од 200.000 примероци од доставните модели Mercedes-Benz Sprinter и Metris (Vito). Од првично 100 вработени кои вршеле само склопување на полуготови модули (SKD) во тогашниот концерн DaimlerChrysler, денес во погоните работат повеќе од 1.600 лица, во комплетен производствен процес.
Успехот што го постигна Sprinter на пазарот во САД, откако Daimler го понуди моделот во 2015 година, беше повод за монтажниот погон да прерасне во фабрика со сите производствени процеси. Со пазарниот старт на новиот Sprinter, фабриката доби нова хала за каросерии, лакирница и хала за монтажа. Новата фабрика во Норт Чарлстоун е во погон од 2018 година, по двегодишна изградба и вложени 500 милиони американски долари.
Во март годинава, менаџментот потврди дека следната генерација на eSprinter исто така ќе се произведува во Чарлстоун од 2023 година. За таа цел се вложуваат дополнителни 50 милиони евра. САД се втор најголем пазар за Sprinter по Германија.
Mercedes започнува со испораки на електричниот eSprinter

















