за

Британците сакаат да возат Kia, рекорден удел од 6,3% во јули

Kia Sportage ја преплави продажната статистика за британскиот пазар за минатиот месец. Тоа доведе и до рекорден удел од 6,3 проценти, Kia досега немала толку висок пазарен удел во земјата како во минатиот месец.

Sportage е следниот голем новитет што се очекува во салоните на Kia, Sportage во актуелната тенерација е воедно и најпродаван модел во гамата на марката на британскиот пазар во јули. Тоа им успева само на шампионите, да ја задржат продажбата во време кога се чека новиот модел. Реално, Kia дури и ја и ја зголеми продажбата на Sportage.

Во текот на јули, британскиот огранок на Kia пласирал 7.829 нови автомобили во земјата. Успехот повеќе го оддава постигнатиот пазарен удел. Kia во историјата нема постигнато повисок пазарен удел на месечно ниво, од 6,3-те проценти во јули. Вкупно годинава Kia учествува со 5,1 проценти на пазарот во Велика Британија. Во јуни, корејската марка првпат во 30-годишното присуство го надмина прагот од 5 проценти удел во продажбата на автомобили во земјата.

Sportage и натаму е најпродаван модел на Kia, а воедно и најпродаван компактен СУВ-модел во Велика Британија во јули. Со 2.631 продадени примероци во минатиот месец, Sportage бил и трет најпродаван модел во земјата воопшто. Популарниот модел во досегашниот тек од годината постигна 18.940 примероци, тоа е повеќе од кој било друг модел во сегментот.

Голем е интересот и за моделите со електрифицирана погонска спрега. Niro е трета најпродавана моделска серија на Kia на островот. Моделската серија ја сочинува електричен e-Niuro, кој е втор најпродаван електричен автомобил во земјата, со 842 примероци во јули и со 6.611 примероци за седум месеци. Земајќи ги предвид и продажбите на електричниот Soul EV, на изведбите на Niro со приклучен хибриден и чисто хибриден погон, како и новиот Sorento, што исто така се нуди во хибридна изведба, Kia во јули постигнала удел од 6,7 проценти на пазарот на електрицирирани возила. Тоа е трето место за Kia меѓу најпродаваните еко-марки во Велика Британија.

>>> Новата Kia Sportage со бензинец, дизел, хибрид, приклучен хибрид, сé за бестселерот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes произвел над 200.000 комбиња во фабриката во САД

Toyota Corolla најпродаван модел во јуни во Македонија, пазарот +19,6%