Toyota Corolla најпродаван модел во јуни во Македонија, пазарот +19,6%

Од вкупно 513 патнички автомобили што се продадени во Македонија во првиот месец од летото, најмногу се Toyota Corolla. Вкупно од почетокот на годината, Македонките и Македонците најчесто се решавале за Citroen C3, со продадени 125 примероци, и за Kia Sportage, кој заостанува со само десет примероци помалку.

Браншата што ни ги донесува стандардите на работа и на организирање на Европа и на светот до прагот на своите продажни салони за автомобили и што ангажира врвни менаџери чиишто компании се меѓу двестоте најмоќни во Македонија, уште не може да располага со основниот инструмент за секој здрав автомобилски пазар. Додека редакцијата на Аутомедиа може без проблем и за миг да добие податоци за тоа колку возилата со електричен погон учествувале во продажбата во Германија или Велика Британија, па и колку од новорегистрираните возила им припаѓаат на фирми, а колку на приватни лица, за Македонија одвај може да се добие релевантен податок за вкупниот број на продадени автомобили во месечни рамки – поточно, за бројот на увезени автомобили.

Статистиката што ја објавуваме доаѓа од регионалните статистички канали и во одреден дел содржи (или не може да се порекне дека содржи) недоследности, затоа и напоменуваме дека станува збор за неофицијална статистика. Причините зошто Македонија и натаму не може да располага со признаена и веродостојна статистика за бројот на продадени возила, од една страна се должи на однесувањето на дел од увозниците на автомобили, кои пријавуваат нереални бројки, или во бројот на продадени возила во Македонија го вклучуваат и реекспортот, од друга страна се должи на отсуството на стручно и одговорно статистичко водење на продажбата во институционални рамки.

Најпродавани марки во Македонија во јуни

  • Škoda: 57 возила
  • Toyota: 57 возила
  • Kia: 34 возила
  • Volkswagen: 33 возила
  • Opel: 22 возила

Значи, најпродаван автомобил во Македонија во јуни е Toyota Corolla со 24 продадени примероци, пред Citroen C3 и Kia Sportage со по 20 примероци. Тоа се воедно и најпродаваните модели во досегашниот тек на годината. Редоследот гласи: Citroen C3 (125), Kia Sportage (115), Toyota Corolla (86). На топ-тројката во продажбата за првото полугодие ѝ се придружува Dacia Duster со 91 возило.

Претходна објаваБританците сакаат да возат Kia, рекорден удел од 6,3% во јули
Следна објаваVolkswagen го најавува ID.5 GTX како премиера за IAA во Минхен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here