Концептот Skysphere го прикажува изгледот на Audi во иднината

Audi преку концептот skysphere ќе го прикаже првиот претставник од новото семејство од три концептни возила, со коишто марката со четирите прстени ја претставува својата визија за прогресивен луксуз во иднината.

Родстерот со електричен погон прикажува како ќе изгледаат возилата на Audi во иднината. Кабината на возилото прераснува во простор за доживување, а возилото станува средство за доживување, односно Experience Device како што кажуваат дизајнерите на марката. Возилото воедно станува дел од еден дигитален екосистем. Светот првпат ќе го види концептниот автомобил на Audi на 10-ти август, во рамките на дигитален настан.

Audi виртуелно ќе го прикаже skysphere concept за време на „Celebration of Progress“ на 10-ти август, со почеток во 19 часот. Менаџерите ќе зборуваат на настанот за трансформацијата на марката Audi и воедно за трансформацијата на премиум возењето. Шефот на Audi, Хенрик Вендерс, ќе стави нагласок на концентот на кабината и на целиот дигитален екосистем, којшто го сочинува различното доживување на мобилноста во иднината.

Новиот концепт на кабина, што Audi го нарекува Sphere (сфера), ќе биде обележје на идната генерација модели на премиум марката на Volkswagen.

>>> Audi со три концептни автомобили најавува револуција во дизајнот

Претходна објаваHuawei почнува партнерство со Volkswagen
Следна објаваToyota Relax: Револуционерна 10-годишна гаранција за Toyota и Lexus во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here