за

Toyota RAV4 е автомобил на годината во Јапонија

Toyota RAV4 е автомобил на годината во Јапонија
Toyota RAV4 е автомобил на годината во Јапонија

По точно една деценија од триумот на Prius од третата генерација, Toyota повторно го освојува насловот на јапонски автомобил на годината, сега со RAV4. Има убави вести и за BMW, чијашто серија 3 победи во конкуренција на увозни марки.

Во својата јубилејна 40-та година, организаторите на изборот за јапонски автомобил на годината се собраа во седиштето на меѓународната берза во токискиот залив, да ги одликува најдобрите автомобили за 2019 година. Жирито составено од претставници од 40 највлијателни автомобилски изданија во земјата и дваесетина менаџери од добавувачите на автомобилската индустрија, присуствуваа на собирањето на гласовите и на последувателната прослава на доделување на наградите за јапонски автомобил за 2019 година.

Според претходниот тек на изборот, постоеше голема неизвесност дали титулата ќе ја освои Toyota RAV4 или Mazda3, исто како и серијата 3 на BMW, во конкуренција на увозни марки. Во финалето, СУВ-бестселерот на Toyota сепак се покажа надмоќен и освои 436 гласови, додека второпласираната Mazda 3 успеа да убеди за 328 гласови од жирито. BMW од серијата 3 постигна 290 гласови и трето место, воедно освојувајќи ја титулата на увозен автомобил на годината.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За четвртото место се избори Toyota Corolla со 118 бодови, пред електричниот Jaguar I-Pace со 109 бодови и Jeep Wrangler на шестото место, со 56 бодови.

Во посебните категории, Nissan Skyline освои награда за иновација на годината, за првиот полуавтоматски систем за возење. Во категоријата на малечките „кеи“ автомобили, кои се посебно привилегирани поради малите димензии и ниската потрошувачка, победи Mitsubishi eK Cross.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Toyota расте во сите правци: Плус промет, заработка, возила

Во новата населба во Берлин ќе (се) вози само Toyota

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Авто делови од кафе: Соработка меѓу Ford и McDonald's

Авто делови од кафе: Соработка меѓу Ford и McDonald’s

jaguar f-type hot wheels lupinzi

Jaguar F-Type направи 25 лупинзи, во минијатура