за

Toyota Proace е транспортер на годината според Auto Bild

Во изборот за најдобри службени возила според гласовите од читателите на германскиот магазин Auto Bild, Toyota Proace победи во категорија на транспортери.

Toyota Proace е меѓу победниците во изборот за најдобри службени возила за 2021 година. Во изборот на читателите на магазинот Audi Bild, серијата доставни возила на Toyota повторно победи во конкуренција на увозни марки, во класата транспортери. Со тоа се потврди ланската титула.

Посебниот прилог за доставни возила се објавува еднаш на три месеци во Auto Bild,  најтиражeн автомобилски магазин во Европа. Читателите секоја година избираат најдобри службени возила во најразлични класи. Менаџерите на возните паркови и деловните корисници прогласуваат по еден победник од домашните марки и по еден победник од увозните марки. Toyota Proace повторно победи неприкосновено во изборот, во категоријата на транспортери.

„Не постои друго подрачје што постигнува толку брз раст, како пазарот на доставни возила: Околу 32 милиони транспортери веќе се движат по европските патишта. Со придонес на онлајн-трговијата и слично, бројките растат сé побрзо и на сите страни“, коментира Марио Келер, директор за продажба во германскиот огранoк на Toyota.

Toyota Proace е достапна со класични мотори, но се нуди и во изведба со чисто електричен погон

Серијата доставни возила Proace се одликува со приспособливост и повеќестраност. Може да се добие изведба фургон, исто како и комби со повишен покрив и девет седишта, или патничка изведба за целото семејство, во форма на Proace Verso.

Кај доставната изведба може да се избира меѓу две должини на меѓуоскино растојание, три должини на каросерија, единечна или двојна кабина, заден поклопец или крилести врати, како и опција за прозорци. Страничните лизгачки врати се доволно широки за европалета. Максималната носивост изнесува 1.400 килограми, а може да се влече приколка тешка до 2,5 тони. Како помала варијанта на доставно или семејно возило се нудат Proace City, односно Proace City Verso.

Proace Van во Тојота Авто Центар стартува од 22.890 евра во изведба со 1,5-литарски дизел со 102 КС. Носивоста на оваа изведба изнесува 1.100 килограми, а зафатнината на товарниот простор е 4,6 метри кубни. Proace City Van во фургонската изведба стартува од 19.990 евра, со зафатнина од 3,9 метри кубни. Исто како и за патничката програма, Toyota нуди десетгодишна гаранција и за возилата од товарната програма.

https://www.toyota.com.mk/model/proace-2018/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричните модели на Peugeot со 90k продажби, следи зајакнување

Kia Niro е возило што излегува од сите рамки