за

Електричните модели на Peugeot со 90k продажби, следи зајакнување

Peugeot e-208 и e-2008 доживеаја неколку технички дотерувања што им донесоа подолг досег. Двата модели досега се имаат продадено во повеќе од 90.000 примероци.

Електричните изведби на моделите Peugeot 208 и Peugeot e-2008 добија досег што е за дваесетина километри подолг, односно подобрувањето на досегот изнесува до 8% проценти. Французите ветуваат дека придобивките во секојдневието се уште поголеми.

Претставени на крајот на 2019 година, електричните автомобили Peugeot e-208 и Peugeot e-2008 постигнаа одличен пазарен успех, со повеќе од 90.000 продадени примероци. Овие два модели моментно се главните носители на стратегијата за електрификација на француската марка.

Платформата eCMP (Common Modular Platform) располага со батерија од 50 kWh и со  електромотор со моќност од 100 kW (136 КС) и вртежен момент 260 Nm. Неколку фини зафати им донесоа подолг досег на двата француски електромобили.

Првата промена се однесува на гумите, што сега поседуваат сертификат А+ за класа на енергетска ефикасност. Тие постигнуваат намален отпор на триење, што понатаму води и до намалена потрошувачка на енергија, а со тоа и до подолг досег. Тоа важи за тркалата од 16 инчи кај Peugeot e-208 и за тркалата од 17 инчи кај СУВ-моделот Peugeot e-2008.

Француската мисица Амандин Петит дополнително го разубавува Peugeot e-208, којшто го доби како победничка во изборот за најубава Французинка

Исто е променет преносниот однос во едностепениот автоматски менувач, којшто е продолжен за одреден степен и со тоа придонесува за подобрување на досегот при возење на отворен пат и на автопат.

Третата промена важи за топлинската пумпа со сензор за влажност, што е поставен во горниот раб на ветробранот и има заслуга во оптимизирањето на енергетската ефикасност на греењето и на климатизацијата.

Информацијата што ја испраќа сензорот овозможува попрецизна контрола на рециркулацијата на воздухот во кабината и со тоа придонесува да се сочува енергијата во батеријата при вклучено греење. Користа од оваа промена секако дека се огледува посебно при ниски температури.

Со сите овие мерки, досегот се продолжи и сега изнесува:

  • PEUGEOT e-208 располага со досег од 362 km според WLTP, за 22 km повеќе од досега.
  • PEUGEOT e-2008 располага со досег од 345 km според WLTP, за 25 km повеќе од досега.

Надвор од нормираните мерења, од Peugeot укажуваат дека во реални услови на користење се постигнува за 40 km подолг досег при возење во град и температури од 0ºC.

>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot е лав и во Кина: Скулптура колку соба на штандот во Гуанжу

Toyota Proace е транспортер на годината според Auto Bild