за

Kia Niro е возило што излегува од сите рамки

Постојат лимузини, СУВ, кросовери, а постои и Kia Niro. Новата генерација на моделот што е достапен со најразличен погон, со изгледот укажува јасно на оригиналноста.

Kia Niro е моделот во којшто корејскиот производител ги отпушта сите стеги што возилата ги ставаат во одредена рамка. Сето тоа има дополнителна смисла, затоа што моделот уште во претходната генерација се нудеше со хибриден и електричен погон. Нов е стилот, со широк заден столб, едноставни линии и ново толкување на тигарскиот нос.

Корпорацијата Kia одржа светска премиера на новата генерација на Niro на Салонот за мобилност во Сеул. Мотото на годинешното издание на салонот е одржливата мобилност да стане достапна за сите.

Niro е верно олицетворение на обврската на Kia да создава одржлива иднина. Како еден од носечките модели во понудата од еколошки автомобили, Niro е создаден да ги исполни потребите на клиентите што се свесни за животната средина.

„Kia продолжува да презема чекори кон одржлива иднина, поканувајќи ги сите да се придружат во движењето за нова ера на мобилност“, изјави Хо Сунг Сонг, претседател и извршен директор на Kia. „Новиот Kia Niro овозможува едноставно применување на одржлив животен стил со материјали што се пријателски кон животната средина, со напредна технологија и со електрични погонски единици, додека во исто време ги исполнува практичните потреби на клиентите.“

New item by Automedia MK / Google Photos

Возилото е комплетно ново и развиено е под дизајнерската филозофија „Спротивностите се привлекуваат“, потпирајќи се врз начелото на „Joy for Reason“, односно уживање со причина. Дизајнот се раководи според природата, додека со боите, материјалите и изгледот на површините се нагласува совршениот баланс меѓу одговорен пристап кон животната средина и изглед што е насочен кон иднината.

Во изгледот на Kia Niro се забележуваат стилските елементи што беа прикажани со студијата Habaniro

Во изгледот со стилски елементи од кросовер и со каросеријата во две бои е очигледна инспирацијата од концептот Habaniro, од салонот во Њујорк во 2019 година. Широкиот заден столб нагласува дека неговата задача е да ја подобри аеродинамичноста и се поклопува со задните светла со форма на бумеранг.

New item by Automedia MK / Google Photos

Тигарскиот нос, како заштитен знак на Kia, сега почнува од хаубата и продолжува надолу сé до браникот со цврст изглед. Модерниот дизајн на предниот дел е заокружен со диодните дневни светла во форма на „срцево откучување“.

При возење низ населба, покрај училиште, градинка или болница, Kia Niro автоматски се префрлува од хибриден во чисто електричен погон

Новина што Kia ја воведува во Niro е „Greenzone Drive Mode“  кај моделските изведби со приклучен хибриден погон, што при минување низ подрачја во коишто е важно да се постигне најмала можна загаденост на воздухот, префрлува во чисто електричен погон. Тоа се постигнува со користење на информациите од навигацијата, како и од историјата на претходните возења.

Широка е примената на одржливи материјали. Таванот е изработен од рециклирани тапети, седиштата се од биолошки полиуретан со листови од еукалиптус, додека за облогите на вратите се користи боја што не содржи BTX, односно штетни изомери на бензен, толуен и ксилен.

New item by Automedia MK / Google Photos

Средишната конзола привлекува внимание со стилот, но е едноставна за користење и располага со електронска вртлива контрола на менувачот. Тоа се детали воведени со знаменосецот Kia Sorento. Широкиот дисплеј не е со строги форми, туку е заоблен и го следи закосувањето на арматурната табла. Отворите за воздух не се доминантни и се втопуваат во нагласено хоризонталната ориентација на кокпитот. Сé изгледа модерно, но во исто време и комотно и природно.

New item by Automedia MK / Google Photos

Многу внимание се посветува во Kia и во седиштата, коишто не се предебели и не го оптоваруваат просторното чувство во кабината, комфорни се, стилски, и со технолошки напреден механизам со ниска тежина.

Повеќе детали околу техниката очекуваме во следните денови. Салонот во Сеул се одржува од денес, 25-ти ноември, до 5-ти декември. Kia Niro ќе биде достапен во хибридна, приклучна хибридна и електрична погонска изведба. Продажбата стартува в година.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Proace е транспортер на годината според Auto Bild

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8