Тојота прави возењето електричен автомобил да личи како да има мануелен менувач

Меѓу главните предности на електричните автомобили е мазното забрзување. Без менувач, моќноста се пренесува рамомерно и личи како возилото да има менувач со постојано променлив преносен однос, односно ЦВТ.

На заљубениците во традиционалниот мануелен менувач сепак им недостига чувството да имаат контрола врз автомобилот. Со таа мисла, Акио Тојода, претседателот на компанијата Тојота Мотор, побара неговите инженери да најдат начин за чувство на мануелен менувач да се внесе во електричен автомобил.

Тие го дадоа одговорот со преработен Лексус У-Икс-300е, со спојка, со брзиномер и со шестстепен менувач, што се поврзани со сензори. Кога возачот ќе го притисне копчето за тоа, системот му дозволува тој да ги менува степените на пренос како во обичен автомобил.

За повратното чувство на мануелен менувач да биде уште пореално, менувачката рачка е поврзана со механичка менувачка кутија, меѓутоа таа не е поврзана со погонската спрега.

Кога и доколку системот влезе во производство, спојката ќе остане, но не и менувачот, кажуваат инженерите.

Тојота прикажа како работи системот зад кулисите на Јапан Мобилити Шоу во октомври.

Преработениот Лексус У-Икс 300е при возењето по патеката за тестирање на Тојота во Шимојама, во близина на Нагоја, навистина се однесуваше како автомобил со мануелен менувач, заедно со звукот на мотор што го произведува звучник вграден во кабината.

„Го слушате звукот на моторот во возилото и имате мануелен менувач со спојка – одвај забележувате дека возите електричен автомобил. Единствено недостига мирисот на бензин,“ кажа Тојода за време на 24-часовната трка во издржливост во Леман, на 10-ти јуни.

Како изгледаше возењето низ цела Македонија со електричната Тојота би-зи-фор-крос

Претходна објаваРејнџ Ровер отвора листа на чекање за електричниот модел
Следна објаваЛанчиа Ипсилон имаше неочекувана премиера – многу водена

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here