Рејнџ Ровер отвора листа на чекање за електричниот модел

Рејнџ Ровер Електрик ќе има сличен изглед со изведбата на Рејнџ Ровер со мотори со внатрешно согорување.

Новиот знаменосец со електричен погон на Јагуар Ланд Ровер, Рејнџ Ровер Електрик, ќе биде „најтивкиот и најпрефинет Рејнџ Ровер што е конструиран досега,“ најавува ЈЛР, пред почетокот на продажбата на луксузниот СУВ што се очекува кон завршетокот на 2024 година.

Рејнџ Ровер Електрик ќе поседува „активно потиснување на звуците од патот“, со цел за бучавата во кабината да се сведе на најмала можна мерка, порачуваат ЈЛР во објавата во средата. Тој исто така ќе поседува 800-волтна архитектура, што ќе овозможи батеријата да се наполни за мошне кусо време.

ЈЛР најавува дека автомобилот ќе има „ненападни детали што ќе укажуваат на неговиот целосно електричен погон“, место тој уште на прв поглед да се разликува од вообичаениот модел.

Рејнџ Ровер Електрик ќе ја користи истата модуларна лонгитудинална архитектура (МЛА) како моделите со мотори со внатрешно согорување. Исто и производството ќе биде во фабриката во Солихал, Англија, на десетина километри од Бирмингем.

Најавните слики од Рејнџ Ровер Електрик ги покажуваат приклучокот за полнење, задното светло и логото за електрично возило во средината на тркалото

ЈЛР отвори своевидна листа на чекање за клиентите, пред да започне со преднарачки и со конечните нарачки во текот на следната година.

Луксузниот СУВ на струја ќе биде лансиран кон завршетокот на 2024 година, најави извршниот директор Адријан Мардел на 2-ри ноември, за време на конференцијата за акционери на мајчинската компанија Тата Моторс, за деловните резултати од третиот квартал.

Моделот од почетокот на 2025 година ќе се продава и во Кина.

Рејнџ Ровер Електрик ќе биде втор електричен автомобил на ЈЛР, по Јагуар Ај-Пејс, што почна да се продава во 2018 година.

При претставувањето на деловните резултати на Тата Моторс на 25-ти јуни, за кварталот од април до јуни, Мардел ги негираше тврдењата дека ЈЛР бавно ја развива својата понуда од електрични модели, за разлика од конкуренцијата.

„Добри сме со временската рамка. Луѓе ни кажуваат дека премногу доцниме, но ние никогаш не верувавме во тоа,“ кажа Мардел.

Ривалот Мерцедес-Бенц имаше потешкотии со моделите од врвот на својата понуда во втората половина од годинава.

ЈЛР има намера батериите за своите електрични модели да ги набавува од Агратас, огранок на Тата, иако батериите во почетокот ќе се набавуваат од друг добавувач, додека Агратас ги изгради планираните фабрики за батериски ќелии во Обединетото Кралство и во Индија.

Агратас соработува со Енвиѓн АЕСЦ, добавувач на батериски ќелии за Рено и Нисан, јави англиското издание на Фајненшел Тајмс во август.

Новите батерии на Агратас поседуваат многу повисока енергетска густина од батериите од ЛГ што се вградуваат во Ај-Пејс. Батерија со капацитет од 120 киловатчасови може да биде со зафатнина од 342 литри, за разлика од батеријата од 84 киловатчасови во Јагуар Ај-Пејс, којашто има зафатнина од 387 литри.

Вебсајтот за регистрација · https://www.landrover.com/range-rover/range-rover/index.html

ЈЛР уште нема објавено податок за големината на батеријата во Рејнџ Ровер ЕВ.

Батериските модули и електричните погонски единици ќе се монтираат во центарот на ЈЛР во Волверхемптон, Англија. Во моментов таму се произведуаат мотори со внатрешно согорување.

Претходна објаваЕуроимпекс почна со продажба на освежената Опел Корса
Следна објаваТојота прави возењето електричен автомобил да личи како да има мануелен менувач

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here