Ланчиа Ипсилон имаше неочекувана премиера – многу водена

Светот се подготвува за големото враќање на Ланчиа на пошироката автомобилска сцена. Новиот старт на италијанската марка ќе го означи Ипсилон, премиум модел во градската класа. Италијанците имаат подготвено детално сценарио, како новиот Ипсилон ќе се воведува на сцената, со откривање детал по детал. Планот делумно е попречен. Слики што го прикажуваат конечниот изглед на новиот автомобил се појавија сосем непланирано.

Тајмингот не ѝ се погоди на Ланчиа за најавата на новата Ипсилон. Маркетингот во средата пушти слики што прикажуваат детали од најновата мајсторија на италијанските дизајнери, во форма на нова генерација на Ипсилон.

Покрај тоа што е сосем извесно дека ќе предизвика одушевување на заљубениците во италијанската дизајнерска школа, вооошто автомобилска школа, стои најава: „Денес ја објавуваме втората слика од Новата Ланчиа Ипсилон, којашто ќе биде претставена во февруари во Милано, со Ланчиа Ипсилон Едиционе Лимитата Касина, достапна во само 1906 нумерирани и сертифицирани примероци во 100% електрична изведба.“

На сликата се гледаат три светлечки линии, со куса средна линија поставена попречно, под името Ланчиа што ефектно е напишано врз хаубата. Италијанците велат дека тоа е ново толкување на историското „каличе“ на Ланчиа и претставува детал што беше прикажан мошне јасно преку студијата Ланчиа Пу+Ра ХПЕ.

Тоа требаше да го подгрее вниманието на сцената за премиерата што следи в година. Следен чекор ќе биде откривање на друг детал од малечкиот автомобил со големо име. Меѓутоа, плановите сега ќе бидат по малку попречени…

Lancia_Ypsilon_19
Ланчиа Ипсилон во последниве години се продаваше шампионски и ексклузивно на италијанскиот пазар, без да се извезува. Италијанскиот модел уште пред неколку генерации изгради име со тоа што поседува карактер на премиум автомобил, иако спаѓа во градската класа

На друштвените мрежи, во истиот ден, се појавија слики што го прикажуваат автомобилот во целост. Малку е проблем тоа што автомобилот е прикажан како го извлекуваат од вода. Која била причината за Ипсилон да заврши во вода, не е позната, но сосем е извесно дека тоа не било по план.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CocheSpias (@cochespias1)

Сето тоа се случувало во француското село Монбелијар, што е на неколку километри оддалеченост од фабриката на концернот Стелантис во Сошо. На фотографиите се гледа дека станува збор за одвај маскиран автомобил.

Сликите прв ги објави францускиот дневник Л’Ест Републикен. Како што пишува во објавата, автомобилот бил украден, пред да заврши во вода. Во моментов се води истрага.

Објавата во дневниот весник https://www.estrepublicain.fr/faits-divers-justice/2023/12/12/une-voiture-a-moitie-immergee-sortie-du-canal

Ланчиа во последните години продаваше се единствено на домашниот, италијанскиот пазар. Ипсилон на моменти дури постигнуваше продажни бројки слични со бестслерите Фиат Панда и Фиат 500. Автомобилите на марката со големо име сепак не заминуваа за извозните пазари.

На крајот, од сето ова може да излезе и одлична реклама и најава за новата Ланчиа.

Сцената ѝ посветуваше големо внимание уште во 1980-те и 1990-те години

Претходна објаваТојота прави возењето електричен автомобил да личи како да има мануелен менувач
Следна објаваБлицен-Бенц во 1909 беше најбрз во светот со преку 200 километри на час

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here