Toyota има нова технологија за леење на главата на моторот

Toyota има нова технологија за леење глава на мотор
Toyota има нова технологија за леење глава на мотор

Toyota освои награда за новата постапка на леење алуминиум, којашто ја поштедува животната средина и воедно овозможува повисока функционалност на деловите.

Автомобилската корпорација Toyota разви технологија за леење алуминиум што ги подобрува еколошкиот отпечаток на фабриките и функционалноста на одливката. За ова достигнување, Toyota ја доби наградата Окочи, што се доделува за достигнувања во истражување и развој на технологии и нивна примена во производството. Компанијата досега 12 пати ја освојувала оваа награда.

Достигнувањето се состои во тоа што преку новиот начин на леење на алуминиумската легура за главата на моторот, се овозможуваат повисоки перформанси на моторот. Каналите за ладење во галвата на моторот обично се формираат со помош на калапи од песок, таканаречени јадра. Постапката обично вклучува органски материјал, а тоа е фенолна смола, што го „држи“ песокот. Ова јадро потоа се вметнува прецизно во калапот и се лее растопената легура. Меѓутоа, при самото леење се создава силна миризба и чад, поради што мора да се користи посебна опрема за нивно одведување.

https://photos.app.goo.gl/wkb5rcFiaBivBbvw8

Од друга страна е важно да се обезбеди добро ладење на главата, заради подобрување на перформансите на моторот. За тоа да се постигне, обично се изведуваат потенки и многу сложени канали за движење на течноста за ладење. Постои неорганска замена за смолата, со чијашто примена станува непотребна техниката за одведување на гасовите при леењето. Меѓутоа, таа не дозволува изведување тенки и сложени форми на каналите за ладење. Дополнително е проблем тоа што песокот не може да се користи повеќепати.

Новата технологија на леење на Toyota се состои во примената на натриум силикат, место смола

Новата технологија на Toyota користи неоргански материјал – водено стакло – коешто не создава мирис и чад. Предноста е во тоа што со примената на овој материјал може да се изведуваат неопходните сложени канали за ладење на главата на моторот. Воденото стакло не трпи промени под дејство на висока температура. Покрај тоа, ослободувањето гасови и миризба е намалено стопати, со што нема потреба од користење на техника за одведување на гасовите.

https://photos.app.goo.gl/YFoqutRck2aR1WYs6

Инженерите на Toyota со новата технологија постигнаа песокот подобро да го исполни калапот при изработката на јадрото, со тоа се овозможува изведување комплексни канали во главата на моторот. Тоа се важни чекори што веќе се користат во производството на новите мотори на Toyota, со термичка ефикасност од 41 проценти – еден од нив е новиот мотор во Corolla 2.0 Hybrid. Воедно се смалува и температурата на којашто се обработува песокот, при што емисијата на СО2 се смалува повеќе од двојно.

Во повеќе фабрики на Toyota во светот веќе се користи новата технологија за леење на глава на мотор. За понатаму се планира компанијата да ја отстапува технологијата под лиценца, за останатите компании да можат да ја користат истата, во насока на намалување на влијанието на производството врз животната средина.

Toyota Corolla шампион во задржување на вредноста

Претходна објаваМи-Да Гранд Моторс со бесплатна услуга за медицински лица
Следна објаваДомашните испораки ја зголемија продажбата на комбиња во Британија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here