Ми-Да Гранд Моторс со бесплатна услуга за медицински лица

Ми-Да Гранд Моторс со бесплатна услуга за медицински лица
Ми-Да Гранд Моторс со бесплатна услуга за медицински лица

Ми-Да Гранд Моторс се вклучува во поддршката на здравствените работници кои во овој период се наоѓаат на првите линии во борбата против вирусот Covid-19.

Ми-Да Гранд Моторс како дел од политиката за општествена одговорност овозможи бесплатна услуга при редовното сервисирање на возилата од марките Ford и Hyundai, за сите доктори/ки и медицински лица. Поддршката се однесува на тоа што при сервисирањето нема да биде пресметан работниот ангажман на техничарите на Ми-Да, односно работната рака.

Компанијата многупати досега има покажано висока општествена одговорност. Ми-Да Гранд Моторс ги повикува сите вработени во здравствениот сектор да стапат во контакт со нивниот персонал и да го закажат терминот за сервисирање, при што специјалистите ќе соопштат повеќе конкретни информации. При посетата е неопходно да се прикаже легитимација од лекарска комора.

https://www.instagram.com/p/B-gzv7hHXfr/

https://www.instagram.com/p/B-gz3cEHCfI/

Претходна објаваЛукоил доделува гориво на институциите кои се справуваат со коронавирусот
Следна објаваToyota има нова технологија за леење на главата на моторот