Toyota Land Cruiser вози на струја и вози под земја

Toyota Land Cruiser вози на струја и вози под земја

Компанијата Huber од германското гратче Милхаузен во близина на Штутгарт разви пакет за електричен погон за Toyota Land Cruiser. Во отсуство на емисија на штетни материи, теренецот со електричен погон може да се користи во руднички окна.

Преработената Toyota Land Cruiser од генерацијата J7 го носи името Run-E Electric Cruiser и располага со моќност од 90 киловати, односно 122 КС. На пат може да се постигне брзина до 130 km/h. Нагорнина од 15 проценти се совладува со 35 километри на час.

Во стандардната изведба, електричниот Land Cruiser може да се искачи на нагорнина до 45 проценти, додека во посебната изведба High-Offroad теоретски се можни 95 проценти.

За посебната примена во рудници, батеријата е вградена во куќиште во коешто е заштитена од вода и оган. Сензори за СО2 и за влажност, како и автоматски прекин на напонот се грижат за дополнителна безбедност. Батеријата од 35 kWh овозможува досег до 150 километри на пат, односно 80 до 100 километри при теренска примена.

>>> Toyota Land Cruiser е како фабрика за теренско возење

Претходна објаваПо Трамп: Авто-производителите се сложуваат за построги еко-норми
Следна објаваКакво значење се крие во логото на Tesla

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here