за

Какво значење се крие во логото на Tesla

Логото на Tesla личи на првата буква во името на марката и тоа не е ништо ново во светот. Изгледот на логото сепак има дополнително значење.

Автомобилските марки имаат впечатливо лого и тоа е многу важен дел од изгледот на автомобилот. Toa ужива централно место на хаубата и на задниот поклопец и го претставува возилото. Логото на Tesla навидум личи на T. Но, има и повеќе од тоа.

Името на некои автомобилски марки е составен дел од нивното лого. Таков е примерот со BMW или со новото лого на Kia. Друг пример е лого што се состои само од почетната буква на името на марката и соодветно е стилизирано. Hyundai има H, Toyota има T. Американскиот електро специјалист Tesla исто така има лого во форма на буквата T. Тоа би требало да биде очигледно и да нема повеќе прашања на таа тема. Но, тоа сепак не е целата приказна околу логото на марката.

Логото на Tesla се состои од буквата T што е прикажано во геометриски прецизен и футуристички дизајн. Toa сепак не го претставува само стремежот за иновации на калифорнискиот производител, туку има и подлабоко значење. Фановите на марката долго време шпекулираа околу изгледот и се зборуваше дека логото е дизајнирано да потсеќа на попречниот пресек на електромотор. Изумител на електромоторот е големиот Никола Тесла, по кого што се именувани автомобилите на Илон Маск.

Тоа долго време беше само теорија, сé додека пред неколку години извесен Питер Џејмс Дин не го праша Илон Маск директно преку твитер: „Може ли Ве молам да разјасните што значи логото на Tesla? Постојат многу теории, но никој не знае точно!“ Техно-милијардерот и шеф на Tesla одговори на прашањето, а наведе и уште еден детал: „Слично како кај SpaceX, T личи на пресек на електромотор, исто како што X има форма на траекторија на ракета“. Двете логоа се дизанирани од истата компанија, RO Studio.

Според тоа, не само името, туку и логото е омаж на Никола Тесла. Еден од најголемите изумители на сите времиња е роден во 1856 година во Хрватска, а починал во 1943 година во Њујорк

>>> Минатата година за Tesla беше прва со позитивен биланс

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Land Cruiser вози на струја и вози под земја

Toyota Land Cruiser вози на струја и вози под земја

Porsche Taycan Cross

Porsche Taycan годинава ќе се појави и во кросовер-изведба