за

Тојота и Киа може да го прекинат СУВ-владеењето на Фолксваген

Киа Спортаж води пред Фолксваген Тигуан, како најпродаван СУВ во компакт сегментот на европскиот пазар.

Јапонскиот и корејскиот производител се на пат да ги освојат сегментите на градски, компактни и големи СУВ модели во Европа во јануари.

Додека се чека уште последните пазари да ја пријават јануарската продажба, мошне е извесно дека на Тојота и Киа ќе им успее во почетокот на годината да ја прекинат доминацијата на Фолксваген. Азиските марки со своите Јарис Крос, РАВ4 и Спортаж ја предводат продажбата во сегментите на градските, компакт и големите СУВ-модели во Европа.

Тојота Јарис Крос е најпродаван градски СУВ со 15.538 возила, во предност пред освежениот Пежо 2008 и пред третопласираниот Фолксваген Т-Рок. Тоа се податоци од 95 проценти од пазарите што припаѓаат во ЕУ, ЕФТА и ОК.

Киа Спортаж води пред Фолксваген Тигуан во сегментот на компактните СУВ-модели со 325 возила повеќе.

Тојота РАВ4 е во голема предност пред Шкода Кодиак, секако марка на концернот Фолксваген, во сегментот на СУВ-модели од средната класа. Во меѓувреме, шампионот од 2023 година, Фолксваген ИД.4, годинава ја започна на 7-то место. Заслугата за тоа е наглиот прекин во субвенционирањето на електричните возила во Германија, откако владата на Олаф Шолц се најде во буџетски минус од 60 милијарди евра.

Здружението на германските производители на автомобили цени дека тоа ќе се одрази врз целиот пазар и годинава е-автомобилите ќе имаат пад од 14 проценти во продажбата. Тоа ќе биде прво опаѓање во продажбата на електрични автомобили на најголемиот единечен пазар во Европа, во последните осум години.

Фолксваген надоместува со тоа што го презема лидерството во пет од десетте најпродавани сегменти на автомобилскиот пазар.

Порше Тајкан е најпродавана луксузна лимузина во Европа во јануари

Групацијата Фолксваген, вклучувајќи ги Ауди и Порше, води во четири сегменти на пазарот на луксузните возила.

Електричните автомобили напредуваа 18 проценти.

Додека Германците предвидуваат смалена продажба, електричните автомобили во европски рамки напредуваа за 18 проценти, со продадени 111.521 возила во јануари.

Модел Ипсилон е најпродаван ЕВ во Европа, со раст од 48 проценти во продажбата (10.886 возила). Следи Модел 3, со раст од близу 300 проценти и 6.091 возила.

Водечката тројка за заокружува Волво Икс Це 40, којшто беше преименуван во Е Икс 40 за подобро да се совпаѓа со останатите електрични модели во понудата на шведската марка.

Во јануари се продадоа и повеќе модели со приклучен хибриден погон, со раст од 13 проценти и вкупно 74.096 возила.

Во тој сегмент води Волво Икс Це 60 (продадени 3.975 возила, +45%), со растечка предност пред Форд Куга (продадени 3.219 возила), што долго време предводеше со овој погонски вид.

Видеото од тестот на Тојота Ц-ХР

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричната Шкода надмина 200.000 произведени примероци

Освежената Дачиа Спринг ќе биде „поевтина, но поубава“