Американските ограноци на Iwatani и Toyota ќе соработуваат во поставувањето нови станици за точење водород како погонско гориво во Јужна Калифорнија. Планот се најавува откако јапонскиот производител започна со нарачки за втората генерација на Toyota Mirai, автомобил што користи водород.
Мрежата за полнење водород како погонско гориво во Јужна Калифорнија ќе се прошири со седум нови станици. Со тоа за околу 25% ќе се зголеми бројот на станици за точење на горивото за моментно најсовршениот погон што го нуди индустријата. Капацитетот за точење водород се зголемува за 6.300 килограми дневно. Инфрастуктурата е помалку од скромна, но е сосем извесно дека во следниот период ќе се вложува масивно во нејзиното проширување во светски рамки.
Изградбата на новите станици за водород ќе стартува во почетокот на 2021 година, а пуштањето во работа на првите станици се предвидува за средината од годината. На седумте нови станици ќе се користи нова технологија за точење водород H2Station, производ на Nel Hydrogen. Секоја станица ќе располага со две места за полнење, со капацитет за 900 килограми водород дневно.
Со последното проширување, мрежата на Iwatani во светски рамки ќе опфаќа вкупно 64 станици за точење водород. Покрај патнички автомобили, станиците во Јужна Калифорнија ќе ги користат и товарни возила.
Првите испораки на Toyota Mirai на северноамериканскиот пазар ќе следат кон крајот на годинава. Јапонскиот производител продаде над 10.000 примероци од првата генерација на водородниот Mirai.