за

Audi SQ5 во нова дизел-верзија со 341 КС

Audi го најавува новото издание на SQ5 TDI, што во салоните на марката ќе пристигне во првото тромесечје в година.

Audi SQ5 во нова дизел-верзија со 341 КС

Уште полуто, поспортско и воедно поштедливо. Тоа беа трите водечки идеи при освежувањето на Audi SQ5, на спортската изведба на Q5. Трилитарскиот TDI сега располага со 341, место 347 КС, заради ЕУ-нормите. Новина е опцијата за задни светла со новата OLED-технологија.

SQ5 TDI постигна многу на сцената, откако Audi го лансираше моделот во првата генерација на Q5 во есента пред осум години. Голем дел од заслугата се должи на фактот што спортскиот модел, како дел од S-понудата на Audi, прв користеше дизел под хаубата.

Во освежената варијанта, трилитарскиот V6 нуди 341 КС и 700 њутнметри во подрачјето меѓу 1.750 1/min и 3.250 1/min. Претходно беа 347 КС и 550 Nm. Промените во новата верзија се направени првенствено заради намалување на емисијата на СО2 и на потрошувачката, заради строгите ЕУ-закони. Спринтот до темпо сто трае 5,1 секунди, крајната брзина вообичаено е ограничена на 250 km/h. Посебен резонатор во издувот, познат уште од првиот SQ5 TDI, му дава полн звук на моторот V6.

Алуминиумските клипови се заменети со челични, заради намалување на топлинските загуби, без притоа да им се зголеми тежината. Степенесто вдлабнување во челото на клипот ја зголемува ефикасноста на согорувањето, додека инјекторите со магнетен вентил работат со врвна прецизност, благодарение на пиезо-сензорот што го контролира затворањето на иглата. По работен такт може да има до 8 одделни впрскувања на гориво. Максималниот притисок изнесува 2.500 bar.

https://photos.app.goo.gl/hB9P9HArhVFPasAs8

Место интеркулер воздух-воздух во браникот, сега се користи индиректна изведба вода-воздух во просторот меѓу двата реда цилиндри. Скусените канали помагаат притисокот на натполнење да се зголемува побрзо. Индиректната изведба е поефикасна и помага моторот побрзо да се загрее при студен старт.

Компресорскиот ротор е помал и полесен, за побрзо да реагира. Издувната гранка има подобрена изолација – исто така со цел за моторот да загрее побрзо и да се смали емисијата.

Трилитарскиот TDI во SQ5 работи како благ хибрид, односно користи 48-волтен стартер-генератор. Спортскиот СУВ може да „едри“ до 40 секунди со изгаснат мотор. Заштедата според фабрика изнесува до 0,7 литри на сто километри.

Електричниот погон на турбокомпресорот придонесува за моќно повлекување уште од најниски вртежи

Вториот клучен момент кај моторот е компресорот што се задвижува со електромотор. Тој помага турбината да врти уште додека издувните гасови не располагаат со доволно енергија за самите да ја ротираат турбината, односно при многу ниски вртежи. Електромоторот исто е дел од 48-волтната мрежа и за само 300 секунди го забрзува компресорот на 65.000 вртежи. Новината е во тоа што електромоторот сега се ангажира почесто и помага за бурно забрзување од најниски вртежи. Во третманот на издувните гасови се користат два SCR-катализатори, заедно со 24-литарски резервоар за Адблу.

https://photos.app.goo.gl/M3RwAe36edDrjJz48

Освежениот Audi SQ5 TDI вози со тркала од 20 инчи и гуми 255/45, а со доплата се вградуваат тркала од 21 инчи од Audi или од Audi Sport GmbH. Новиот модел се препознава по вертикалните ламели во страничните отвори за воздух во браникот. Осумаголната маска има крупни осумаголни ќелии, кои се изработени од алуминиум, исто како ламелите долу.

Новината во стилот се дигиталните OLED задни светла, кои се испорачуваат како опција. Светлото е поделено на три целини со по шест сегменти. При нарачката на опцијата, клиентите избираат меѓу три различни шеми на светлата, со посебна светлосна анимација при отклучувањето и заклучувањето на возилото.

Вториот режим на работа на задните светла зависи од изборот на Audi drive select. Кога возачот ќе избере програма „dynamic“, задните OLED светла препознаваат кога возило ќе се приближи на помалку од два метри и автоматски ги активираат сите светлечки елементи во нив. Динамичните трепкачи веќе се подразбираат.

Audi SQ5 TDI се произведува во мексиканската фабрика во Сан Хозе Чијапа. Продажбата во Европа ќе стартува во првиот квартал од 2021 година, цената во Германија изнесува 68.138 евра.

>>> Audi Q5 прв со задни светла со ОЛЕД-техника

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota поставува нови станици за водород во Јужна Калифорнија

Toyota поставува нови станици за водород во Јужна Калифорнија

рсбсп безбедно патување во зима

РСБСП со потсетување: Од 15 Ноември, задолжително носење на зимска опрема во возилото