Тојота ГР Јарис ги собра сите КС што конкуренцијата не смее да ги има

Тојота е победничка во уште една дисциплина, кај малечките тркачки ракети. Додека останатите марки не смеат да помислат на спортски модел, поради ЦО2-таванот на ЕУ, Тојота и натаму се распиштолува со ГР Јарис – затоа што може.

Тојота спокојно си го одржува спортскиот имиџ, дополнително на имиџот на неприкосновен владетел на хибридниот погон. Но, токму меѓу овие две, навидум крајности, се наоѓа и причината, зошто Тојота уште смее да продава силни мотори. Хибридите го спуштаат просекот на ЦО2, и со тоа останува место за ГР Јарис.

Јапонците неодамна јавија дека се втора најпродавана марка во Европа во првото тромесечје, по Фолксваген, а сега јавуваат и дека го направиле својот ГР Јарис уште по-гррр. Промените се направени во насока на зајакнување на уживањето зад воланот. Има и камера.

ГР Јарис, единствениот „патнички“ модел на Тојота што не е хибрид, во новата моделска година заслужи зафати што ги подобруваат чувството на волан и контролата, посебно во гранични услови. Овие зафати секако дека не се напамет, туку произлегуваат од искуствата што ги стекнува Тојота во сите дисциплини на мотоспортот, посебно во релито. Тоа е ГР-от.

„Инженерките и инженерите на Тојота Газу Рејсинг, ги анализираат податоците од возењето, ги испитуваат оштетените компоненти до најситен детал и ги забележуваат препораките од возачи од секаков профил, од рели-професионалец до амбициозен возач на трак-дејс“, објаснуваат од Тојота. Оттаму излегоа и подобрувањата кај ГР Јарис.

Воланот доби сосем нова форма и нова големина, под влијание на препораките од тркачите. Како резултат од тестирање со повеќе различни форми и димензии,се дојде до пречник од 360 милиметри, што е 5 мм помалку од досега, а соодветно е сменета и формата, со цел да се подобри вртењето на воланот. Сменета е и значката ГР.

Задебелено е подрачјето на зафаќање на воланот, нема потпирачи за палците. Експертите велат дека е подобрено повратното чувство и попрецизно е. Сменети се и положбите на прекинувачите.

Заради подобрување на контактот и контролата, прејдено е на полу-слик гуми Бриџстон Потенца Рејс.

Голем зафат се и подобрувањата во амортизерите на предната и задната оска. Искуствата во трките, посебно во Супер Таику, искористени се за промени во електричното сервоуправување. Се спомнуваат зголемена крутост на торзиската летва и сменет софтвер.

Камера проверува дали возачот е буден во ГР Јарис

Како што налагаат законите, Тојота вгради во својот тркач и камера што следи дали возачот е буден. Тоа може да биде основа за добар виц.

Цената на ГР Јарис во Германија изнесува 47.590 евра, додека за уште поексклузивната изведба со Аеро Перформанс Пакет, треба да се смета на 51.090 евра.

Тојота Ц-ХР+ · Тест · Тојота задоцнила со електричните автомобили?

Претходна објаваTotal Energies и Stellantis го зајакнуваат и прошируваат партнерството со моторни масла со високи перформанси
Следна објаваПоловина од продажбата на Пежо во Франција и Германија се електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here