Toyota ја најавува GR Corolla за 1-ви април и тоа не е шега

Неизвесноста уште останува, но е сосем сигурно дека Toyotа на шеговитиот 1-ви април ќе претстави автомобил што е далеку од тоа дека некој ќе може да се потсмева со него. Јапонците најавуваат нов GR-модел, не посочувајќи на основата на моделот, меѓутоа сите веќе типуваат на GR Corolla.

Нов тркачки автомобил за по улица им се придружува на GR Yaris, GR86 и GR Supra. На трите модели од Gazoo Racing, одделението што е задолжено за сите тркачки активности на Toyota на асфалт и надвор од асфалт, на 1-ви април им се придружува уште еден модел. Посочен е само датумот, но моделот што ќе послужи како основа за изведување на екстремната спортска варијанта не се открива. На сцената веќе одамна ѝ е јасно дека тоа ќе биде GR Corolla.

Многу прашања остануваат да се дознаат на почетокот на следниот месец. Toyota мајсторски додава уште толку простор за љубопитност. На новиот GR-модел ќе стои ознака GR Four, којашто се повикува на славната Celica во времето кога Toyota беше недостижна во светското рели.

Погонот на сите тркала е сосем извесен, прашање е дали погонската спрега ќе биде преземена од шампионскиот GR Yaris со неговите 262 КС. Може да се нагаѓа и дека ќе биде применета електрификација, со електромотор за задната оска, може да се претпоставува и дека под хаубата ќе работи дволитарец. Има многу што да се дознае на 1-ви април. Единствено е сигурно дека тоа нема да биде првоаприлска шега.

https://photos.app.goo.gl/MrH6iRpGteb5Xpdg8

https://photos.app.goo.gl/Szdcw6ik8vEpSfz8A

Toyota ја најавува GR Corolla, но многу тајно

Претходна објаваAudi e-tron изгледа како да е излезен од Стар Ворс
Следна објаваТри електро-автобуси и пет полначи го чинат полско Закопане 2,5 мил. €

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here