за

Три електро-автобуси и пет полначи го чинат полско Закопане 2,5 мил. €

Градот под Татрите го збогатува јавниот превоз со три автобуси со електричен погон, заедно со комплетна опрема за полнење.

Полскиот град Закопане нарача три електрични автобуси Urbino 12 electric од домашниот производител Solaris. Во договорот вреден 12 милиони полски злоти или 2,5 милиони евра се вклучени и две станици за полнење во депо, два пантографски полначи и еден подвижен полнач.

Домашниот производител и специјалист за автобуси со чист погон Solaris победи на тендерот за автобуси за јавен превоз во полскиот град Закопане. Три електрични автобуси со најнапредна технологија Solaris 12 electric ќе се движат низ градот во подножјето на Татрите без каква било емисија на штетни материи. Погонот на струја се покажа одличен за градски превоз, како во големите метрополи, така и во помалите градови.

Во Закопане ќе вози еден од најбараните модели на автобуси Solaris, какви што веќе сообраќаат во низа европски градови.

„Закопане е меѓу најубавите и најпосетени туристички одредишта во Полска. Голема чест ни претставува тоа што уште поголем број електрични возила на Solaris ќе им служат на жителите и на посетителите. Гордост ни претставува тоа што нашите возила ќе придонесат за промовирање на јавниот превоз со нула емисија на оваа единствена локација“, изјави Петрос Спинарис, член на управниот одбор на Solaris за продажба, маркетинг и сервисирање.

Градоначалникот Лесек Дорула зборува за значењето на електричните автобуси за животот во Закопане: „Една од мерките што имаат за цел да се подобри квалитетот на живот на локалната заедница е вложување во јавен превоз којшто ќе им претставува алтернатива на патниците и ќе ги охрабри да ги остават своите автомобили на ограноците на градот и да ја користат широката понуда на јавниот превоз.“

Автобусите во Закопане имаат батерија од 350 kWh, што во комбинација со полнење преку пантограф ќе овозможи автобусите да сообраќаат цел ден, без потреба од долго мирување за полнење. Преку пантографот поставен на покривот ќе се врши краткотрајно дополнување на батеријата.

Многу се внимавало на опременоста на автобусите. Во Urbuio 12 electric за градот под Татрите ќе биде вграден систем MobilEye, за елиминирање на мртвите агли, но и за одмаглување на прозорците, што е посебно важно во поради големите промени во климата што се случуваат во регионот на Подхале.

На патниците ќе им стојат на располагање држачи за велосипед и за скии. Посебност на автобусите се вратите што се отвораат нанадвор, заради полесно излегување на патниците во екот на туристичката сезона.

Електричен автобус Urbino почна да вози во Закопане уште во 2013 година, како дел од тогашната тест-програма. Во 2026 година следеа уште четири електрични автобуси Urbino 8, 9. Тоа беа воедно и први автобуси што почнаа да возат редовна линија во градот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota ја најавува GR Corolla за 1-ви април и тоа не е шега

SsangYong бара нов инвеститор, стариот не плати