SsangYong бара нов инвеститор, стариот не плати

SsangYong во почетокот на годинава објави дека обезбедил инвеститор. Тој сепак не ги исполни своите обврски во законскиот рок и сега мора повторно да се бара инвеститор. Времето минува, компанијата има големи планови.

Четвртиот јужнокорејски производител на автомобили, покрај Kia, Hyundai и Renault Samsung, во почетокот на годината го најави конзорциумот на производителот на електрични автобуси Edison како инвеститор. Тој договор повеќе не важи.

Причината за SsangYong да го раскине договорот е тоа што Edison не ги реализираше своите обврски да ги плати обврските на производителот на СУВ-модели и пикапи. Договорот обврзуваше плаќањето да се изврши до 25-ти март.

Откако кон крајот на февруари беше склучен договорот за преземање, SsangYong поднесе план за санација пред надлежниот суд. Планот предвидуваше подмирување на доспеаните долгови и менување на акционерските права, по целосната исплата.

Стечајниот управник Јунг-вон Јунг: „Вложуваме напори за преземањето да се изврши во најкусо можно време, не само поради тоа што не смееме да ја изгубиме довербата на нашите партнери, туку и поради тоа што мора да се создаде солидна основа за долготраен раст на компанијата.“

Управителот Јунг цени дека компанијата годинава е во подобра позиција отколку во минатата година, во потрагата по нов инвеститор:

  • Кон крајот на јуни започнува производството на новиот СУВ-модел J100, модел што ќе биде позициониран над актуелниот Korando.
  • Напредува електрификацијата на моделите. Првиот електричен автомобил на марката, Korando e-Motion веќе се продава на неколку пазари во Европа. Во втората половина на следната година пристига U100, електрична изведба на J200. Партнер на SsangYong во е-мобилноста е кинескиот BYD, којшто според наводите на Корејците е водечки производител на електрични автомобили во светот.
  • Во партнерство со SNAM се гради фабрика за монтажа на возила од полуготови модули CKD (Completely Knocked Down) во Саудиска Арабија, којашто се предвидува да стартува со производство во 2023 година, со капацитет за 30.000 возила годишно.
  • Во јуни се очекува да отпочне втората работа смена, што ќе биде клучно за излегување во пресрет на зголемената побарувачка за моделите на SsangYong и на повеќе од 13.000 нарачки за возила. Единствено се чека да попушти кризата во снабдувањето со полупроводници.

Лани најпродаван модел на SsangYong во Европа беше Korando со 5.875 примероци и раст од дури 19%, втор е компактниот Tivoli и неговата продолжена изведба XLV со 4.326 примероци (+9%), трет е луксузниот Rexton со 917 примероци или за 169% повеќе отколку во 2020 година.

Претходна објаваТри електро-автобуси и пет полначи го чинат полско Закопане 2,5 мил. €
Следна објаваКолку можело да биде брз тркачки Mercedes од 1937 година?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here