Тоа што светот го научи за Toyota во овие вонредни времиња за бизнисот и за животот е да има доверба во компанијата. Верно на јапонската култура на почитување, Toyota прво им се извини на своите клиенти и партнери и точно ги објави датумите во коишто фабриките во Јапонија ќе мируваат во текот на следниот месец. Паузирањето главно е помалку драстично во споредба со останатите производители.
Јунаците на автомобилската сцена се познаваат во време на ковид, на кусок од чипови и материјали од добавувачите, на нарушена логистика поради Украина. Факт е дека Toyota се справува подобро со вонредните услови на делување во несомнено најпредизвикувачкиот период за производството на автомобили, отколку повеќето конкуренти. Toyota денес излезе со соопштение во коешто „уште еднаш се извинуваме за повтореното приспособување на нашите планови за производство, поради недостиг од чипови, што е предизвикан од ширењето на Ковид-19 и води до значителни непријатности за нашите клиенти, добавувачи и за останатите погодени страни“.
Планот за производство за мај предвидува од фабриките на Toyota ширум светот да излезат околу 750.000 нови автомобили. Од нив, 200.000 автомобили ќе се произведат во јапонските фабрики, останатите 550.000 возила во глобалната продукциска мрежа. Поради недостигот од чипови од добавувачите, компанијата предвидува производството да се намали за 100.000 возила глобално, во споредба со плановите за производство што им беа соопштени на добавувачите во почетокот на годинава. Просечното месечно производство од мај до јули ќе изнесува околу 800.000 возила.
Од Тојота Сити порачуваат дека во овие вонредни времиња е тешко да се предвидува неколку месеци однапред, но компанијата ќе продолжи да вложува крајни напори да испорача колку е можно повеќе возила до клиентите, во најраниот можен датум.
Со новиот план за производство во фабриките во Јапонија во мај, се предвидуваат следните зафати:
Мирување на производството во мај (10 ленти во 9 фабрики од вкупно 28 ленти во 14 фабрики)
| Фабрики | Планирано мирување |
Произведувани модели |
| Toyota Motor Corporation
Takaoka Plant |
May 9 (Mon), 20 (Fri) | Corolla, Corolla Touring, Corolla Cross |
| Toyota Motor Corporation
Tsutsumi Plant |
Prius, Prius PHEV, Corolla | |
| Toyota Motor Corporation
Tahara Plant |
May 12 (Thu) | LS, IS, RC, RC F, NX |
| Toyota Motor Kyushu
Miyata Plant |
May 9 (Mon), 10 (Tue), 13 (Fri), 16 (Mon), 20 (Fri), 23 (Mon) | NX, NX PHEV, CT, UX, UX BEV |
| Toyota Motor East Japan
Iwate Plant |
May 9 (Mon), 10 (Tue), 11 (Wed) | C-HR, Aqua |
| Toyota Auto Body
Fujimatsu Plant |
May 9 (Mon), 10 (Tue), 11 (Wed), 12 (Thu), 13 (Fri), 16 (Mon) | Noah, Voxy |
| Gifu Auto Body Production line #2 |
May 9 (Mon), 10 (Tue), 11 (Wed), 12 (Thu) | Coaster |
| Toyota Industries Corporation
Production line #301 Production line #302 |
May 21 (Sat), 28 (Sat) | RAV4 |
| RAV4, RAV4 PHEV | ||
| Daihatsu
Kyoto (Oyamazaki) Plant*2 |
May 18 (Wed), 19 (Thu) | Probox |
https://youtu.be/Go3RhGbLy1A?list=TLGGzdu1oB_9v5oxODA0MjAyMg
Сите модели на Toyota што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=toyota
















