за

Toyota со рекорден удел во Европа и преку милион автомобили во 2021

Во најпредизвикувачки услови на пазарот, Toyota повторно го зголеми уделот на рекордни 6,4% во Европа, со раст во продажбата од осум проценти.

Европскиот огранок на Toyota во минатата година продал вкупно 1.076.300 автомобили од марките Toyota и Lexus на европскиот пазар. Осумте проценти раст на јапонската марка се постигнати во време кога целиот европски пазар пораснал за само 1 процент.

Toyota е втора најпродавана автомобилска марка во Европа лани. Во меѓувреме, строгите лимити за емисија на СО2 за кои ЕУ казнува со милионски суми, исто така не се повеќе тема за пионерот на електрификацијата и шампион во хибридниот погон.

Додека пандемијата и недостигот од полупроводници за браншата ги остави некои компании да чекаат подобри времиња, Toyota лани продала 1.076.300 возила од марките Toyota и Lexus во Европа и постигнала рекордно учество од 6,4 проценти на европскиот пазар. Во процентни стапки, уделот на Јапонците во 2021 пораснал за 0,4% во споредба со преклани и за 1,4% во споредба со 2018 година.

Овие одлични пазарни перформанси доведоа до тоа, Toyota првпат во историјата да стане втора најпродавана марка автомобили во Европа. Од компанијата ценат дека успехот се должи на високата побарувачка за модели со ниска емисија на СО2. Марката од Токио Сити, во својата понуда денес има хибриди и приклучни хибриди, батериски и водородни електрични автомобили.

Toyota во Европа продала 623.777 автомобили со хибриден погон лани, за 19% повеќе отколку преклани; Хибридите учествуваат со 58% во вкупната европската продажба на марката и со 70% во земјите во Западна Европа

Лани беа преземени неколку клучни чекори во насока на натамошната електрификација на понудата. Toyota суверено оди кон целта да достигне понуда што ќе се состои од 30 батериски електрични модели во 2030 година. Toyota предвидува дека тогаш најмалку половината од продажбата во Западна Европа ќе отпаѓа на возила со нулта емисија на СО2. Уште поамбициозни се плановите со Lexus. Таму се очекуваат 100% возила со 0 грами CO2. Понатаму, до 2035 година, целата продажба во Европа ќе ја сочинуваат возила што не испуштаат штетни материи за животната средина. Само до средината на деценијава, TME ќе нуди 10 модели со електричен погон.

Toyota го зголеми пазарниот удел за 0,6 процент, на вкупно 6,3 проценти, со продадени 1.003.859 автомобили (+9%). Бестселерите Corolla, Yaris и RAV4 учествуваат со 55% во продажбата. На хибридите отпаѓаат 58% (+5%) во Европа, односно 69% (+6%) во Западна Европа.

Toyota Yaris Cross Premiere Edition AWD на брегот на Преспанско Езеро

Главниот новитет лани беше Yaris Cross, компактен СУВ со концепт близок до RAV4, единствен погон на сите тркала и хибриден погон. Во декември имавме тест-возење на моделот што предизвика голем интерес и на македонскиот пазар. Главната најава за годинава е bZ4X, електричен СУВ што е базиран врз специјална платформа eTNGA и сосем е извесно дека кон крајот на годината ќе го видиме и во Македонија. Тој е предводник на семејството модели со електричен погон што ќе се означува со bZ, за beyond Zero.

Lexus напредуваше за 2% и постигна удел од 2,3 проценти на пазарот на возила од премиум сегментот. На бестселерите UX, NX и RX отпаѓаат 81% од продажбата. Хибридите учествуваат со 61%, односно 90% во Западна и Источна Европа.

Луксузната марка на Toyota исто има голем новитет што го очекуваме на македонскиот пазар. Lexus NX во новата генерација првпат се нуди и во изведба со приклучен хибриден погон, за којашто во Македонија се плаќаат само 50% од редовната висина на данокот за возило. Станува збор за неколку илјади евра „попуст“ од државата. Неодамна беше најавен и првиот електричен автомобил на Lexus со чисто електричен погон, RZ 450e. Неговата премиера се очекува кон завршетокот на пролетта. Lexus ќе лансира 20 нови модели до 2025 година, со цел да ја удвои продажбата во Европа на 130.000 возила.

Клучните достигнувања на Toyota Motor Europe (TME) во 2021 година:

  •       Вкупна продажба: 1,076,300 (+8.4% во споредба со лани)
  •       Пазарен удел: 6.4% (+0.4% во споредба со лани)
  •       Вкупно хибриди: 623,777 (+19% во споредба со лани)
  •       Удел на хибриди: Западна Европа: 70% – Источна Европа*: 24% – Вкупно: 58%

Главните мерила на продажбата за Toyota во 2021:

  •       Toyota продажба: 1,003,859 (+9% во споредба со лани)
  •       Најпродавани модели: Corolla Range (208,028); Yaris (179,383); RAV4 (161,266)
  •       Најпродавани хибриди: Yaris Hybrid (143,595); Corolla Hybrid Range (166,811); Toyota C-HR Hybrid (112,757)
  •       Вкупно хибриди:  579,698 (+19% во споредба со лани)
  •       Удел на хибриди: Западна Европа: 69% – Источна Европа*: 26% – Вкупно: 58%

Главните мерила на продажбата за Lexus во 2021:

  •       Вкупна продажба на Lexus: 72,441 (+2% во споредба со лани)
  •       Најпродавани модели: UX Range (21,144); NX Range (19,493); RX Range (18,346)
  •       Најпродавани хибриди: UX Hybrid (17,261); NX Hybrid (14,255); RX Hybrid (5,718)
  •       Вкупно хибриди: 44,079 (-1% во споредба со лани)
  •       Удел на хибриди: Западна Европа: 90% – Источна Европа*: 8% – Вкупно: 61%

Продажба по модели на Toyota и Lexus во 2021 година:

TOTAL TOYOTA / LEXUS

1,076,300

   

TOYOTA

1,003,859

AYGO 85,325
Yaris (incl. Yaris Hybrid) 179,383
  Yaris Hybrid 143,595
Yaris Cross (incl Yaris Cross Hybrid) 22,743
Yaris Cross Hybrid 21,666
Corolla H/B & Touring Sports (including Hybrid) 127,882
  Corolla H/B & Touring Sports Hybrid 122,869
Toyota C-HR (incl. Hybrid) 114,737
  Toyota C-HR Hybrid 112,757
Corolla  SDN (incl. Hybrid) 80,146
Corolla SDN Hybrid 43,942
Prius Family 6,689
Prius 1,597
Prius+ 3,630
Prius Plug-in Hybrid 1,462
Mirai 701
Camry (incl. Camry Hybrid) 50,246
  Camry Hybrid 10,121
Supra 979
 RAV4 (incl. RAV4 Hybrid & RAV4 Plug-In Hybrid) 161,266
RAV4 Hybrid 87,020
RAV4 Plug-In Hybrid 23,053
Highlander (incl. Highlander Hybrid) 10,518
Highlander Hybrid 7,986
Land Cruiser 35,215
Hilux 47,480
PROACE (inc PROACE EV) 30,814
PROACE EV (inc PROACE VERSO EV) 5,175
PROACE CITY 36,238
Other models 13,497

LEXUS

72,441

CT 200h 1,249
IS (incl. IS Hybrid) 628
    IS hybrid 524
ES (incl. ES Hybrid) 6,872
   ES hybrid 4,830
LS (incl. LS Hybrid) 175
   LS hybrid 125
NX (incl. NX Hybrid) 19,493
   NX hybrid 14,255
UX (incl. UX Hybrid) 21,144
   UX Hybrid 17,261
   UX EV 2,987
RX (incl. RX Hybrid) 18,346
   RX hybrid 5,718
RC (incl. RC Hybrid) 90
  RC hybrid 62
LC (incl. LC Hybrid) 420
  LC hybrid 55
GX 1,181
LX 2,843

 

Интересен твит за вработувањата кај јапонските производители на автомобили во нивните фабрики во земјите во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Liqui Moly првпат произведе над 100 илјади тони масла и адитиви

„Не гледам автомобили, гледам уметност“: Коментарите за Mercedes-AMG SL