Најдобро пласираниот тим на Toyota Gazoo Racing, Ал Атија и Баумел, ја извозе десеттата етапа на Рели Дакар со второ најдобро време, зад приватно спонзорираниот Јазид Ал Раџи. Разликата зад водечкиот на релито се скуси за 49 секунди.
Облак прашина од побавните натпреварувачи ги задржуваше Ги де Вилиер и Алекс Харо во почетокот на етапата долга 342 километри. Јужноафриканскиот ветеран на Дакар постигна шесто најдобро време на етапата и напредуваше на осмото место во генерален пласман.
Уште една добра етапа имаа и Шамир Вариава и Денис Марфи, извозувајќи го 14-то најдобро време на десеттиот брзинец. Тие мораа да престигнуваат неколку побавни натпреварувачи и се соочуваа со прашината во текот на целата етапа. Третиот фабрички тим во Toyota Hilux сега е на 23-то место во вкупен пласман.
Единаесеттата етапа се вози од Ал Ула до Јанбу. Брзинската секција мораше да се скуси од 511 на 464 километри, поради ерозијата од вода во завршните делови од етапата, по силните дождови во регионот.
Глин Хол, директор на тимот: „Денес имавме уште еден добар ден за Toyota, со Јазид Ал Раџи како победник на етапата и Насер на второто место. Скусивме малку од разликата до Стефан Петархансел, но секако дека тоа е недоволно. Шамир и Денис имаа успешен ден. Ги и Алекс заостануваа поради прашината. Насер и Матје извозеа чиста етапа за да останат во чекор со Стефан. Добро го познавам Стефан и знам дека ќе ја контролира трката откако постигна комотна предност, така што не би требало да се надеваме дека резултатите ќе се сменат. Да напоменам и дека Hilux доминира на голем дел од водечките места, два дена пред завршницата.“
Резултати од 10-та етапа на 2021 Дакар Рели:
2-ро место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +2min 04sec
6-то место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +6min 12sec
14-то место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +11min 29sec
Вкупни резултати на 2021 Дакар Рели по 10-та етапа:
2-ро место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +17min 01sec
8-мо место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +3hr 43min 28sec
23-то место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +8hr 4min 01sec
















