На 277-те километри на првата етапа од Дакар 2021 од Џеда до Биша, на водечкиот тим на Toyota Gazoo Racing трипати му се дупнуваше гума. Вилиер и Харо ја завршија етапата на осмото место.
Победниците на прологот, Насер Ал Атија и Матје Баумел, имаа слаб почеток на рутата и заостанаа 12:34 минути зад лидерите, завршувајќи го деното на 10-то место. Шамир Вариава и Денис Марфи, кои стартуваа од 26-то место, покажаа одлични перформанси и ја завршија првата етапа дванаесетти, со 14:59 минути заостаток.
Хенк Лејтган и Брет Камингс на предизвикувачката воведна етапа изгубија 18:31 минути зад лидерите, што им го донесе 14-то место. Тие се соочуваа со неколку дупнувања на гума и не се снајдоа најдобро со навигацијата, но се на добро место за втората етапа. Следно се вози рута со должина од 457 километри, меѓу Биша и Вади Ад-Давасир.
Глин Хол, директор на тимот: „Кога првпат ги погледнавме денешните времиња, бевме мошне загрижени. Подоцна дознавме дека Насер имал дупната гума и возел повеќе резервирано по карпестиот терен. Тој изгуби 12 минути зад Карлос Саинц, кој ја освои етапата. Со оглед на условите, задоволни сме од денешното одвивање на трката. Хенк и Брет исто така имаа три дефекти на гума, што веројатно се должи на недостиг на искуство по карпест терен. Доколку не го изгубеа тоа време, тие веројатно ќе завршеа во топ пет, но ние можеме да работиме само со факти.
https://www.instagram.com/p/CJlwGi5pw1l/
Насер Ал Атија (No. 301): “Почетокот на денешната етапа беше тежок и уште од старт знаевме дека ќе заостануваме. Имаше многу прашина од мотоциклите пред нас и на некои места едноставно немаше пат, па моравме сами да го пробиваме. И покрај тоа, многу сум задоволен од постигнатото денес и со нетрпение го очекувам впуштањето во нов предизвик утре.“
Резултати од 2021 Дакар Рели, Ден 1:
8-мо место: No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +9min 59sec
10-то место: No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +12min 34sec
12-то место: No.330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +14min 59sec
14-то место: No. 332 Henk Lategan/Brett Cummings, +18min 31sec
















