Тојота Авто Центар почнува кампања за C-HR, вели „не те остава рамнодушен“

Тоа е долга шампионска серија. Toyota не остави сцената барем на момент да здивне од лансирањето нови модели. Како основа на сé послужи TNGA, Toyota New Global Architecture. Прв беше таткото на сите хибриди, Prius во неговата 4-та генерација, а кусо по него следеше C-HR. Сцената уште се немаше доволно изначудено од овој револуционерен модел, кога се покажа дека серијата нови модели штотуку почнува: RAV4, Corolla, Camry, Yaris, Yaris Cross, Highlander, Mirai, a ги чекаме Aygo X, bZ4X, Corolla Cross. Во новата кампања, Тојота Авто Центар ги насочува рефлекторите на сцената кон C-HR, кој уште изгледа свежо како во првиот ден.

Можеби и „назад во иднината“ би звучело соодветно за Toyota C-HR. Малкумина надвор од јапонскиот концерн знаеја што претстои, кога Toyota го претстави C-HR, како втор модел врз новата техничка архитектура TNGA. Динамичниот изглед на купе-СУВ моделот, всушност мошне верно ги прикажа следните чекори во моделската офанзива на Toyota. Уште во првата година на Coupe High Rider на пазарот, Toyota продаде 120.000 примероци од моделот во Европа. Денес бројот им се движи околу половина милион.

Пред две години се случи моделско освежување, кога во гамата на C-HR беше воведена и посилната хибридна изведба, со 2,0-литарски бензинец и системски 184 КС од Corolla. Во меѓувреме во понудата се придружи и спортската изведба GR Sport, со којашто уште повеќе се нагласуваат спортските квалитети на моделот.

https://photos.app.goo.gl/8fd3K9hJx93nHMh9A

Моќниот хибрид беше само поводот за моделското освежување, коешто донесе уште и промени во подвозјето, во насока на нагласување на динамичните возни својства, а имаше и фини промени во надворешноста, како и нов инфо-забавен систем, што вчитува нов софтвер „по воздух“ (OTA, Over The Air). За динамиката да се почувствува уште пооригинално, фините зафати во амортизацијата направија звуците од подвозјето и вибрациите уште помалку да се пренесуваат до кабината.

https://photos.app.goo.gl/4R6sqfd38uYXEe21A

Кампањата на Тојота Авто Центар за најновото моделско годиште 2022 на C-HR порачува дека „не те остава рамнодушен“. Клучниот момент во кампањата е цената на месечната рата од 244 евра, при отплата на 84 месеци и учество од 8.969 евра, за основниот модел C-HR 1.8 Hybrid Center со 122 КС. Редовната цена изнесува 28.890 евра, цената со попуст е 26.200 евра, односно висината на попустот е 2.690 евра или близу 10 проценти. Секако дека и 10-годишната гаранција е јасно видлива во кампањата.

Понатаму гамата опфаќа уште четири моделски изведби, од кои две се во верзија со 2,0-литарскиот хибриден погон со 184 КС, а сите со можност за избор на двобојна каросерија.

Бидејќи станува збор за купе-СУВ модел, што почитува повисока спецификација, опременоста е импресивна уште во старт. C-HR Center доаѓа со диодни светла, алу-тркала од 17 инчи, магленки, двозонски автоматски клима уред, кожа на воланот, електрична паркирна сопирачка, инфо-забавен систем со дисплеј од 8 инчи и поврзување преку Apple CarPlay или Android Auto, задна камера и спортски профилирани седишта.

https://photos.app.goo.gl/i4V5DtLuP5CyLqFX7

Стандард во секоја Toyota C-HR се и напредните системи за асистенција и за безбедност. Во тој технички арсенал што прави возењето да биде во исто време и повеќе релаксирано и повеќе безбедно, спаѓаат самостојно запирање при опасност од судир, со препознавање пешак на пат, потоа адаптивен темпомат, систем за задржување во лента и за следење на лента, автоматско долго светло и предупредување при замор на возачот.

https://photos.app.goo.gl/ExgCszGTnSFnQjjB9

Палетата опфаќа девет бои за каросеријата, вклучувајќи 6 металик бои и 2 бисерни бои. Со можноста покривот да биде во црна, бронзена или сребрена боја, се добиваат вкупно 17 комбинации.

Техничките податоци и главните ставки во опременоста за Toyota C-HR можете да ги погледнете и во нашиот онлајн-каталог на следниот линк, како и на официјалната страница за моделот на Тојота Авто Центар.

Toyota C-HR 1.8 Hybrid 2WD Center

 

Претходна објаваHonda HR-V на фабрички мерења потроши помалку од плагин-хибрид
Следна објаваOpel развива нова технологија на светла заедно со германски универзитет

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here