Хибридната лимузина го повторува успехот од 2019 година во полугодишната анализа на агенцијата bähr & fess forecasts. Добро котираат и остнатите модели на Toyota. Теренскиот класичар Land Cruiser е на второ место во својата класа.
Проценителите повторно дојдоа до истите резултати. По 2019 година, експертите на „bähr & fess forecasts“ на Toyota Camry повторно ѝ пресметаа најниска апсолутна загуба на вредноста во евра од сите модели во вишата средна класа. Одличен пласман постигна и Toyota Land Cruiser, со второ место во класата на големите теренци.
Агенцијата bähr & fess forecasts врши процена на вредноста на автомобилите по четири години. Се проценува колку вредноста на автомобилот од неговата цена на ново ќе се намали во проценти и колку изнесува вкупната сума во евра што ќе ја изгуби вредноста на автомобилот. Основа на пресметката за четиригодишен период на експлоатација се 15.000 километри годишно. Се одредуваат моделите со најмала процентуална загуба на вредноста и најмала сума на загуба во евра, во 15 автомобилски класи, во условите на германскиот пазар.
Вкупната сума што Toyota Camry ќе ја изгуби од вредноста на ново по четири години, во Германија изнесува 23.194 евра – тоа е најмала вкупна загуба од сите модели во класата. Лимузината се нуди единствено во изведба со хибриден погон, со 2,5-литарски бензинец и системска моќност од 218 КС. Покрај тоа што претставува вредна инвестиција, Camry на своите корисници им нуди и уживање во возењето. На тоа се надоврзува и комплетен арсенал од најнапредни системи за асистенција. Стандардно се вградува систем за самостојно запирање при опасност од удар во пешак, предупредување при напуштање лента, автоматско долго светло, камера за знаци и предупредување при вклучување на крстосница.