Мотори Yamaha за италијанските јахти Invictus

invictus yamaha

Вонбродските мотори од јапонскиот специјалист ќе се вградуваат во серијата помали глисери Capoforte, но и во моќните глисери од серијата T.

Во помалиот модел ќе се вградува новиот V6 на Yamaha со моќност до 300 КС, како и постоечкиот четирицилиндарец од 2,8 литри со моќност до 200 КС. За брзиот и престижен глисер се наменети мотори V8, кои достигнуваат силина до 425 КС.

Новите мотори V6 со зафатнина од 4,2 литри, исто како V8 располагаат со дигитално, електрично управување и со функција на Total-Tilt, којашто дозволува целосно преклопување на вонбродскиот мотор нагоре или надолу.

На тоа се оадоврзува и системот „Thrust Enhancing Reverse Exhaust“, што го штитат пропелерот од меури од издувот при посилно возење наназад и при маневрирање со пониска брзина. За поклопецот на моторот може да се избира меѓу неколку бои.

https://www.instagram.com/p/CG4esczMKl9/

https://www.instagram.com/p/CLC4w5DJoj7/

>>> Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во … глисери!

Претходна објаваToyota Camry во 2025 г. ќе вреди повеќе од сите во класа
Следна објаваНовиот Mitsubishi Outlander е „и-фу-до-до“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here