BMW и Mini имаат пристап до 173.000 електрични полначи во Европа

bmw 520e електрични полначи

Со само едно регистрирање за услугата BMW, односно MINI Charging, возачите добиваат единствен пристап до повеќе од 173.000 јавно достапни електрични полначи, на преку 500 различни оператори. Може да се избира меѓу две основни тарифи, Flex и Active.

Добра инфрастуктура од полначи и јасни цени се основен предуслов за електромобилноста, покрај досегот на електрiчните автомобили. Бидејќи добрата услуга е дел од „премиумот“, марките BMW и Mini им нудат на своите корисници посебни поволности и привилегии.

Идејата со BMW Charging, односно MINI Charging е на корисниците да им се овозможи колку е можно поедноставно полнење на батеријата на електричните автмобили. Тука спаѓа и понуда на домашни електрични полначи и нивно вградување, како и дигитални услуги, и секако, користење на електричните полначи.

По регистрирањето за услугата се добива картичка или по желба апликација, со коишто се добива овластен пристап до повеќе од 173.000 електрични полначи (162.000 AC и 11.000 DC, односно брзи полначи со моќност над 150kW) на целата територија на Европа.

Во мрежата на BMW Charging, односно MINI Charging се опфатени и супербрзите полначи на IONITY, мрежа во чиешто финансирање учествува германската групација. Овие исклучително брзи полначи обично се поставени на автопатиштата, односно на главните магистрали. При користење на полначите на Ionity, целосно електричниот BMW iX3 може за само 10 минути да наполни енергија за следните 100 километри пат. До крајот на годинава, мрежата низ Европа ќе опфаќа повеќе од 400 полначи. За понатаму се планира и поставување брзи полначи во градовите.

Тарифата Active е наменета за клиенти што често ги користат јавните полначи и важно им е да имаат овластен пристап до полначите на кој било оператор што покрива одреден простор. Клиентите на BMW и Mini во Германија плаќаат 4,99 евра месечна претплата за Active, односно по 33 центи за секој kWh на обичен и 39 центи за kWh на брз полнач (соодветно околу 20, односно 24 денари).

Може да се доплати за пакет „IONITY Plus“ кој е наменет за клиенти што почесто сообраќаат по автопат. Месечната претплата во тој случај изнесува вкупно 13 евра, но затоа еден kWh при користење каков било вид полнач чини 35 центи, односно околу 21,5 денари.

При купување електричен модел од BMW или Mini, клиентите во Германија ја добиваат тарифата Active за користење во период од 12 месеци, без плаќање претплата.

Втората тарифа е Flex, за којашто не се предвидува преплата, но затоа се плаќа полната цена за користење на полначот, зависно од операторот на мрежата од електрични полначи.

https://www.instagram.com/p/CLOgLpHno1X/

>>> Mini Cooper SE ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 2)

Претходна објаваНовиот Porsche 911 GT3 симна 17 секунди на Нирбургринг
Следна објаваToyota Camry во 2025 г. ќе вреди повеќе од сите во класа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here