
Ц-ХР+ го следи дизајнот на купе-кросовер на моделот Ц-ХР што се нуди со хибриден погон, но иако постојат сличности во изгледот, електричниот модел е конструиран врз сосем различна платформа, е-ТНГА. Моделот првпат беше прикажан како концепт во 2021 година.
Со своите 4.520 милиметри, Ц-ХР+ е 16 сантиметри подолг во споредба со Ц-ХР и се наоѓа во горниот крај на сегментот на компактни СУВ. Тојота тврди дека покривот како кај купе не го скусува просторот за глава на задната клупа.
Тојота не ги објави цените за Ц-ХР+, чијашто продажба во Европа ќе стартува кон завршетокот на годинава.
Јапонскиот производител со Ц-ХР+ добива целосно електричен модел во еден од трите најпродавани сегменти на СУВ модели на европскиот пазар, покрај малечкиот Урбан Крузер и моделот од средна класа би-зи-фор-икс, којшто се произведува само во електрична изведба и ќе добие освежување во текот на годинава. Тоа е трет компактен СУВ во европската гама на Тојота, покрај традиционално скроената Корола Крос.
Понудата од ЕВ модели на Тојота е „точно во срцето на европскиот пазар“, кажа Сајмон Хамфриз, директор на брендот и главен дизајнер, на годишната средба на Тојота со медиумите во Брисел.
Ц-ХР+ веројатно нема да влијае многу врз зголемувањето на уделот на Тојота на пазарот на ЕВ годинава, но директорите кажаа дека очекуваат продажбата да достигне 55.000 примероци на годишно ниво, за поширокиот европски регион, вклучувајќи ги Турција, Израел и други држави. Моделот ќе се произведува во Такаока, Јапонија, за разлика од хибридниот Ц-ХР што се произведува во Турција. Нема планови за Ц-ХР+ да се произведува во Европа.

Лани, хибридниот Ц-ХР постигна 121.469 продажби во ЕУ, ОК и ЕМЕА. Тој беше 4-ти најпродаван модел во сегментот на компактни СУВ.
Тојота очекува поголемиот дел од купувачите на Ц-ХР+ да бидат освоени од конкурентските марки
Андреа Карлучи, заменик директор за маркетинг и развој на производи на Тојота во Европа, за време на настанот „кенсики“, кажа дека иако постои можност, Ц-ХР+ да одзеде дел од купувачите на Ц-ХР, „се надеваме дека нивото на замена ќе го сведеме на минимум“.
[the_ad id=”85764″]
Метју Харисон, корпоративен директор на Тојота Европа, кажа дека продавањето на Ц-ХР+ „ќе биде учење“. Тојота сака да постигне сите видови погон да ги нуди на иста платформа, кажа тој, но Ц-ХР и Ц-ХР+ сепак се на различни платформи и имаат различни локации на производство.
„Постои неизвесност и околу субвенциите, така што е потешко да се процени,“ вели Харисон. „Веруваме дека голем дел од продажбата на Ц-ХР+ ќе биде освојување од други марки, а помалку ќе бидат наши постоечки корисници, кои уште не се решени да преминат на БЕВ.“

Фолксваген ИД.4 ја предводи продажбата во сегментот, пред Рено Сеник и Нисан Арија
Ц-ХР+ ќе се натпреварува против сé поголемиот број компактни СУВ и кросовери со електричен погон, иако во последните години забави воведувањето нови модели со електричен погон. Бестселер лани беше Фолксваген ИД.4 со продадени 64.782 примероци, пред Рено Сеник со 24.028 возила, Форд Експлорер (16.152) и Пежо 3008 (14.406 возила). Главни новитети се Киа ЕВ3 и Шкода Елрок.
Ц-ХР+ има сличен купе дизајн со Пежо 3008 што е споредлив со димензиите, како и со Фолкваген ИД.5, што е малку подолг.
Моделот ќе се нуди со две големини на батерија: Изведба со преден погон со 57,7 кВч и изведба со 77 кВч со преден и погон на сите тркала.

Во изведбата со помалата батерија работи електромотор од 123 кВ (167 КС), додека посилниот модел добива 165 кВ (212 КС). Моделите со погон на сите тркала имаат втор електромотор и системска моќност од 252 кВ (343 КС). Спринтот им трае 5,2 секунди. Тојота напоменува дека тоа е еден од најсилните модели во историјата на марката.
Сопствен почнач од 11 кВ е стандард, опција е вградување двојно посилен полнач. На брз полнач може да се постигне полнење со моќност до 150 кВ.
Според Тојота, возните својства не се променети во споредба со Ц-ХР, и покрај повисоката тежина, затоа што тежиштето е пониско и крутоста на платформата е зголемена.

Гаранцијата на електричната Тојота е продолжена на 10 години или 1.000.000 милион километри. Гаранцијата значи дека капацитетот на батеријата нема да падне под 70 проценти.















