Тојота го прослави петмилионитиот автомобил што е пороизведен во фабриката во Валенсјан, во северна Франција. Во чест на историскиот настан беше прикажан уникатен примерок од Јарис Крос, дизајниран од европското студио за дизајн на Тојота, ЕД2.
Возилото што е излезено од производствените ленти во Валенсјан е бојадисано во француската тробојка. На прославата присуствуваа 200 гости, меѓу нив и делегатот на француското министерство за индустрија, Марк Ферачи.
Петте милиони возила произведени за помалку од 24 година сведочат за големата продукција на возила на Тојота во Франција. Фабриката посредно и непосредно впрегнува цела мрежа од добавувачи и партнери на Тојота.
Првиот модел што излезе од ТММФ беше Тојота Јарис во јануари 2001 година. Тогаш во француската фабрика се произведуваа по 150.000 возила годишно. Јарис седумпати во последните десет години беше модел со најголем број произведени примероци во Франција.
Јарис Крос му се придружи на Јарис во 2021 година и зазеде високо место во продажбата во популарниот Б-СУВ сегмент во Европа. Во 2022 година и во 2023 година, Тојота Јарис Крос беше најмногу произведуван модел во Франција.
Во првите десет месеци од годинава, Јарис Крос води во продажбата во Б-СУВ сегментот во Европа и најпродаван модел е на Тојота, со 173.209 примероци.
Во 2023 година, фабриката во Валенсјан произведе вкупно 273.788 примероци од Јарис Крос и Јарис. Тоа е најголемата продукција меѓу петте фабрики на Тојота во Европа.
Околу 5.000 вработени секојдневно изработуваат повеќе од 1.200 примероци од Јарис Крос и Јарис, сите со хибриден погон. Тојота во француската фабрика вложи вкупно 1,6 милијарда евра.
















