за

Најпродаваниот автомобил во светот е електричен

Електричните автомобили се во голем подем, но далеку се од тоа да ја сочинуваат главнината од продажбата. Тоа нема да се смени уште долги години.

Во првото тромесечје од 2023 година, најпродаваниот модел на автомобил во светот е Tesla Model Y.

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот во првото тромесечје од 2023 година. Така цени пазарниот аналитичар Фелипе Муњоз од ценетата консултантска куќа Jato Dynamics. Тој ги зема како основа точните податоци од продажбата на 53 пазари.

Според неговите процени, Tesla Model Y од јануари до завршетокот на март е продадена во околу 267.200 примероци. На второто место е Toyota Corolla со продадени 256.400 возила.

Доколку се потврдат процените на Муњоз, ова ќе биде првпат електричен автомобил да биде на врвот на продажбата на автомобили во светски рамки. Tesla со години наназад ја зголемува својата продажба. Ниту пандемијата, ниту пак недостигот од чипови или критиките за слабиот квалитет не го попречија победничкиот марш на американскиот производител во изминатите години.

Иако традиционалните производители веќе се разбудија за електробилноста и исто така нудат електрични автомобили во своите салони, Tesla пак е во предимство. Производителот профитира од искуството што го има стекнато со електричните автомобили. Тоа важи и за користењето напреден софтвер, како и за широката мрежа од брзи полначи, коишто се лесни за користење.

Во општа конкуренција, електричните автомобили и натаму зафаќаат само мал дел од пазарот. Во 2022 година, во светот биле продадени 10,5 милиони електрични возила, каде што освен батериските електирчни возила, се земаат предвид и приклучните хибриди. Целиот светски на автомобили лани броел 79,4 милиони возила.

Зголемувањето на бројот на електрични модели и разновидноста, како и претстојните норми што ќе бидат уште построги во поглед на емисијата, секако дека ќе водат кон натамошен раст во продажбата на електричните автомобили. Меѓутоа, уште долги години треба да минат додека електричните автомобили ги престигнат моделите со обичен погон во пазарниот удел и станат доминантни.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3000 километри со електрична Toyota bZ4X низ Македонија - Големата тура

3000 километри со електрична Toyota bZ4X низ Македонија: Големата тура

Opel силно напредува на автомобилскиот пазар во Турција