Opel силно напредува на автомобилскиот пазар во Турција

Со пазарен удел од 6,7 проценти и титула на петта најпродавана марка, Opel во април го продолжи силното темпо на турскиот автомобилски пазар.

Вкупно продадени 6.523 патнички и доставни возила, и најдобра априлска продажба во историјата на Opel на автомобилскиот пазар во Турција. Со оваа продажба, германската марка се искачи на 5-то место на најпродаваните марки во земјата.

Во првите четири месеци се продадени вкупно 18.938 возила и тоа е за дури 117 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Новата Astra носи голема динамика во продажбата и во моментов е втор најпродаван компакт во Турција, со 980 возила во април. Покрај тоа, Corsa и Mokka постојано се во Топ 3 во своите сегменти.

На продадените 5.107 патнички автомобили во април им се придружија 1.416 доставни возила. На пазарот на Combo, Vivaro & Co, германската марка постигна удел од 7 проценти и петто место . Продажбата во минатиот месец се зголеми шестпати во споредба со април 2022 година.

Opel држи мошне високи позиции во сегментот на B-SUV возилата, со моделите Мokka и Crossland. Меѓу комби-возилата, Zafira Life ужива удел од 16 проценти и второ место во сегментот. Opel Combo Cargo e трети најпродаван модел, Combo Life е на чевртото место во сегментот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Opel Türkiye (@opelturkiye)

Не заостнуваат ниту електричните возила. Corsa-e држи удел од 5,8 проценти од целиот пазар на електрични автомобили во земјата, како петти најпродаван модел. Заедно со Mokka-e, Opel учествува со 6,7 проценти на турскиот пазар на електрични автомобили.

Претходна објаваНајпродаваниот автомобил во светот е електричен
Следна објаваVolkswagen планира уште бројни модели во семејството ID

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here