На 28 пазари во Европа, модели на Toyota се пласирани во водечката десетина вкупно 51 пат во периодот од јануари до ноември.
Јапонската марка е во сигурно водство во поглед на популарноста на својата моделска понуда, а исто така е сигурно и дека тоа водство ќе се зголеми дополнително. Меѓу 51-то место во Топ 10 недостигаат пласманите на моделите на Toyota во Словачка и Ирска, кои уште доцнат со доставата на податоци од продажбата во ноември.
Volkswagen е втора најзастапена марка во Топ 10, со 35 пласмани на своите модели, но и овој податок уште не е конечен, затоа што исто така не се вклучени продажбите во двете претходно спомнати земји, во коишто VW продава одлично.
На третото место на најбарани модели од една марка е Skoda, со 26 пласмани во Топ 10. Со комплетирањето на податоците се очекува овој број да се зголеми за уште пет.
Со некомплетни податоци, Dacia во периодот од јанаури до ноември има 25 места во Топ 10, пред Kia со 23 места. Претходно, во статистиката до октомври, двете марки беа изедначени. И тука се очекуваат уште податоци. Словачка е земја во којашто Kia ги произведува моделите Sportage и Ceed за европскиот пазар, и секако дека моделите и таму се во Топ 10.
Модели на Peugeot се појавуваат 20 пати во водечката десетина, потоа следи Hyundai со 14 појавувања.
По модели, најчесто во Топ 10 во европските земји се наоѓа Skoda Octavia. Моделот се појавува 14 пати меѓу десетте најпродавани модели по земји, на Dacia Duster тоа ѝ успева 12 пати, додека на Toyota Corolla единаесетпати.
Три модели имаат десет појавувања во Топ 10, тоа се Dacia Sandero, Toyota Yaris и VW T-Roc. Исто толку модели бројат девет пласмани во водечката десетина по земји: Kia Sportage, Toyota RAV4 и Hyundai Tucson.
Тоа се првичните резултати, се чека да пристигнат податоците од сите земји.
Земја |
Најпродаван модел |
Австрија |
Volkswagen Transporter |
Белгија |
Dacia Sandero |
Бугарија |
Toyota Corolla |
Германија |
Volkswagen Golf |
Грција |
Toyota Yaris |
Данска |
Peugeot 208 |
Естонија |
Toyota RAV4 |
Исланд |
Mitsubishi Eclipse Cross |
Италија |
Fiat Panda |
Кипар |
Volkswagen T-Roc |
Летонија |
Toyota RAV4 |
Литванија |
Toyota RAV4 |
Луксембург |
Peugeot 208 |
Норвешка |
Tesla Model Y |
Обединето Кралство |
Nissan Qashqai |
Полска |
Toyota Corolla |
Португалија |
Peugeot 2008 |
Романија |
Dacia Logan |
Словенија |
Skoda Octavia |
Унгарија |
Suzuki S-Cross |
Финска |
Toyota Corolla |
Франција |
Peugeot 208 |
Холандија |
Peugeot 208 |
Хрватска |
Skoda Octavia |
Чешка |
Skoda Octavia |
Швајцарија |
Tesla Model Y |
Шведска |
Volvo XC40 |
Шпанија |
Hyundai Tucson |