
Кога за изборот на нов автомобил не решава најмногу паричникот и не се гледа прво противвредноста, туку се бара статус, и купувачите се подготвени да доплатат за нешто што не се мери физички, тогаш се посегнува по премиум марките и по нивните модели.
Кои модели најмногу ги убедуваат европските купувачи, кога решаваат марката и името? Во ова продолжение следат пет сегменти на автомобили од премиум марките: Компактни, средни и големи СУВ, како и кабриолети и купеа, строго премиум.
Во првите три месеци од 2025 година, според првичните податоци што покриваат 93 проценти од пазарите во ЕУ, ЕФТА (Швајцарија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн) и Обединетото Кралство, најпродавани се следните модели по одделни сегменти:
Во сегментот на компактни СУВ-модели од премиум марки, во првото тромесечје се продадени 186.685 возила или за 3,1 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Тоа е најпродаваниот сегмент на автомобили од премиум марки на европскиот пазар во првите три месеци од 2025 година.
Во сегментот на СУВ-модели од премиум марки од средната класа, во првото тромесечје се продадени 133.086 возила или за 3,0 проценти помалку во споредба со истиот период лани.
Во сегментот на СУВ-модели од премиум марки од виша класа, во првото тромесечје се продадени 94.564 возила или за 2,8 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.
Во сегментот на купеа од премиум марки, во првото тромесечје се продадени 12.594 возила или за 19,9 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Единствен модел со раст во продажбата во Топ 10 е Мерцедес ЦЛЕ Купе.
Во сегментот на кабриллети од премиум марки, во првото тромесечје се продадени 11.410 возила или за 35,6 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Единствен модел со раст во продажбата во Топ 10 е Мерцедес ЦЛЕ Купе. Единствен модел со раст во продажбата во Топ 10 повторно е Мерцедес ЦЛЕ, во неговата кабриолет изведба.















