Топ 10 најпродавани модели во Европа до јуни (Дел 3): Премиум СУВ, кабриолети, купеа

Мерцедес ГЛЦ владее со најважниот сегмент, со раст од близу 20 проценти во првите пет месеци од 2025 година

Паѓа продажбата на компактните и средните СУВ, расте продажбата на најскапите СУВ-модели. Во првите пет месеци од годинава опаднала и продажбата на купеа и кабриолети од премиум марки, во споредба со истиот период лани. Шампионите во петте сегменти во овој извештај: БМВ Икс 1, Мерцедес-Бенц ГЛЦ, Ауди Ку-6 Е-трон, па Мини Купер и Порше 911.

Германското трио се има поделено во владеењето со одделните сегменти на СУВ-возила во продажбата од јануари до завршетокот на мај. Меѓу компактните СУВ-модели владее БМВ, средната класа му припаѓа на Мерцедес, додека вишата класа ја држи Ауди – со важната напомена што станува збор за електричен модел.

Кои се шампионите во продажбата на модели од премиум марки на европскиот пазар од јануари до јуни:

Во сегментот на компактни СУВ од премиум марки до завршетокот на мај се продадени вкупно 316.221 возило, што претставува пад од 0,9 процент во споредба со истиот период лани.

Во сегментот на СУВ од средна класа од премиум марки до завршетокот на мај се продадени вкупно 218.723 возила, што претставува пад од 4,8 проценти во споредба со истиот период лани.

Видео од најновиот модел на тест во Аутомедиа: Ситроен Ц3 Еркрос

Во сегментот на СУВ од виша класа од премиум марки до завршетокот на мај се продадени вкупно 161.307 возила, што претставува раст од 8,2 проценти во споредба со истиот период лани.

Во сегментот на купеа од премиум марки до завршетокот на мај се продадени вкупно 22.578 возила, што претставува пад од 16,4 проценти во споредба со истиот период лани.

Во сегментот на кабриолети од премиум марки до завршетокот на мај се продадени вкупно 23.167 возила, што претставува пад од 25,1 проценти во споредба со истиот период лани.

Претходна објаваКакви новини донесува платформата Ное Класе на БМВ
Следна објаваБИД ќе подзабави со фабриката за електрични автомобили во Унгарија, ќе притисне во фабриката во Турција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here