Најголем скок во продажбата во сегментот на компактни СУВ-модели имаат електричниот Фолксваген ИД.4 (+54,6%, на 10-то место) и Пежо 3008 (+49,3%, на 5-то место), којшто исто така се произведува во целосно електрична изведба. Падот во продажбата кај Киа Спортаж (-12,6%, на 3-то место) произлегува главно од смената со новото моделско годиште, односно со фејслифтот на корејскиот модел.
Во сегментот на компактните СУВ се продадени 1.001.743 возила во првите пет месеци, што претставува раст од 17,6 проценти, односно продадени се 150.132 возила повеќе. Тоа е воедно и најпродаваниот сегмент годинава.
Меѓу малечките СУВ-модели во првите пет месеци најмногу се издвојува Џип Авенџер со раст од 42,3 проценти, на 9-то место. Наспроти тоа, најголем пад има кај Форд Пума, на 5-то место, со 11,1 проценти во минус во споредба со истиот период лани.
Од јануари до завршетокот на мај во овој сегмент се продадени 958.885 возила или за 3,9% помалку од лани. Тоа е втор најпродаван сегмент на европскиот пазар.
Во сегментот на СУВ-модели од средна класа е постигнат раст од 16,5 проценти во продажбата, односно продадени се вкупно 372.598 возила. Три модели се нови и се појавиле во продажба во текот на првите пет месеци лани. Тоа се БИД Сил Ју, Фолксваген Тајрон и Купра Таваскан.
Од моделите што се подолго на пазарот, најмногу се издвојуваат електричната Шкода Ениак и класичната Шкода Кодиак, со раст од преку 30 проценти. Продажбата на Тесла Модел Ипсилон има најголем пад, од 42,6 проценти.
















