Првиот центар на Мајбах работи во Сеул, во Гангам-стајл

Во Сеул работи првиот центар на Мерцедес-Мајбах во светот. Сместен во срцето на Апкуџанг-донг, во Гангам, во квартот со најлуксузните продавници, Бренд Центарот ја прикажува филозофијата на марката Мајбах.

Центарот го изгради ХС Хјосанг Д Клас, најголем дилер на Мерцедес-Бенц и Мерцедес-Мајбах во Јужна Кореја. Тоа е претставителна зграда на пет катови, вклучувајќи едно ниво под земја, со вкупна површина од 2.795 метри квадратни.

Посетителите ги пречекува луксузно опкружување, во средина со традиционална корејска архитектура, каде што им се нудат посебно скроени услуги на највисоко ниво.

На свеченото отворање пристигнаа инвеститори, избрани новинари и јавни личности. Посебно за настанот, Матијас Гајсен, член на управниот одбор со надлежност за продажба, донесе примерок од Мерцедес-Мајбах СЛ 680 Монограм Серија. Тоа беше и прв примерок од овој скапоцен модел во земјата, воедно најнова серија во понудата на Мајбах.

Втората ексклузивност беше претставувањето на серијата Мерцедес-Мајбах Силвер Лајнинг, што е ограничена на само 12 примероци од С-Класа, ГЛС и ЕКуС СУВ. Основа на оваа уникатна понуда е Најт Серија. Моделите се одликуваат со црна металик каросерија и тенка лента што е извлечена во хајтек-сребрена металик боја. Секој примерок има посебна плочка и се испорачува со скапоцена кутија за клучот.

Врв беше изложениот Мајбах Цепелин ДС 8 од 1932 година, за одбележување на преку 100-годишната историја на марката.

Од официјалниот почеток на продажбата во Кореја во 2004 година, Мајбах е избор на угледни политичари и бизнисмени, на визионери и на личности од јавниот живот. Со преку 10.000 продадени возила Мајбах, Јужна Кореја е меѓу најголемите пазари на марката.

Во надворешната архитектура во чекор со корејската традиција, учествуваше и главниот дизајнер на Мерцедес-Бенц, Горден Вагенер. Фасадата е изработена по пример на елегантна вечерна облека и оддава мекост и елеганција. Покривот ги соединува современата и традиционалната корејска архитектура.

Големите простории се во согласност со просторноста во возилата на Мајбах и зрачат со екстравагантност

Во приземјето се наоѓа просебна просторија за изложување на моделите и просторија за чекање при сервисирање на возилото. Првиот кат е за предавање на возилата, со влез за ВИП-лица и простор за брзо оставање на возилата.

Вториот кат е со скапо опремени простории со приватност, каде што клиентите добиваат советување од врвно обучени експерти. Таму се наоѓа и студио на Мануфактур, каде што се разговара за посебни желби на клентите.

Мерцедес е стандардот во новиот лаунџ-бар под трикраката ѕвезда во Скопје

Во средината на катот се наоѓа градина, во стилот на оаза во градот, наменета за починка и уживање. Не недостига и бариста со псоебни кафе-специјалитети.

Во подземниот кат е сместена работилницата, посебно наменета за Мерцедес-Мајбах и за Мерцедес-Бенц С-Класа.

Меѓу бројните посебности спаѓа и мирисот за просторија што посебно е дизајниран за центарот. Покрај простории што обезбедуваат приватност, во центарот се предвидени и подрачја во коишто можат да пристапат минувачи и да ја почувствуваат марката Мајбах.

Центарот работи само со закажување, за советниците да се подготват посебно за секој клиент.

Сличен центар работи во Шангај (Мајбах Ателнје, 2022), а неодамна беа отворени и ексклузивни салони во Њујорк и Виена.

Претходна објаваДонгфенг отвори луксузен салон во Рим, брод носи 2.000 возила за Италија
Следна објаваТоп 10 најпродавани модели во Европа до јуни (Дел 2): СУВ од сите класи, компактни, малечки, средни

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here