Тесла ја преполови месечната рата во Британија, обид да се спаси продажбата

Тесла во Британија ја смали висината на месечниот лизинг за близу половина, во обид да се забави падот во продажбата, објавуваат тамошните медиуми.

Британските возачки и возачи отсега можат да договорат лизинг за електричните возила на Тесла за близу половина од висината на ратата од пред една година, објави Тајмс, повикувајќи се на извори од браншата.

Тесла е принудена да им нуди попусти во висина до 40 проценти на компаниите за лизинг, со цел да ја задржи продажбата, се наведува во објавата на влијателниот британски медиум.

Една од причините за попустите што се несвојствени за автомобилската бранша е немањето простор за чување на непродадените возила на Тесла во Велика Британија, наведува Тајмс понатаму.

Тесла во јули продаде само 987 возила на британскиот пазар, што претставува пад од 60 проценти, покажуваат службените статистики за тамошната продажба.

Тоа се случува во време кога целиот британски пазар во јули имаше пад од околу 5 проценти во споредба со лани.

Според досегашната динамика, батериските електрични возила ќе учествуваат со 23,8 проценти во вкупната продажба на возила во ОК, малку над предвидувањата на експертите за 23,5 проценти.

Претходна објаваНа европскиот пазар продадени близу 7 милиони автомобили во првото полугодие, Фолксваген прв, во 2019 имаше 1,5 милион повеќе продажби
Следна објаваКинеската марка на Ауди ги напаѓа тамошните производители со нивното оружје, со цени

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here