Корона повторно: Фабриката на Tesla во Шангај ќе мирува подолго

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ќе го продолжи мирувањето на производството во својата фабрика во Шангај до четврток. Првично се планираше паузата да трае само во понеделник.

Како што пренесуваат агенциите Блумберг и Ројтерс, производството во фабриката на Tesla во Шангај ќе продолжи дури во петок. Поради раширувањето на корона-вирусот, властите наредија двостепено ограничување на движењето во градот со милиони жители. Мерките важат прво во една, а потоа во друга половина на Шангај. Натамошното раширување на вирусот ќе се запира преку масовно тестирање. Tesla објави дека целосно соработува со властите.

Фабриката во Кина е од посебна важност за Tesla. Кина е најголем автомобилски пазар во светот, а воедно во земјата работат бројни фабрики што испорачуваат автомобили за локалниот пазар, но и за извоз. Властите имаат крајно рестриктивен однос во поглед на корона, а од друга страна, шефот на Tesla, Илон Маск, познат е по својот критички однос кон делотворноста на мерките на ограничување на движењето.

Tesla ќе отвора втора фабрика во Кина

 

Претходна објаваPorsche Carrera GT: Купен за 450.000, продаден за 1,9 милион долари
Следна објаваAudi e-tron изгледа како да е излезен од Стар Ворс

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here