Во првите три месеци од годинава, Тесла продаде 358.023 возила на светскиот пазар, што е најслаб резултат во последните три квартали.
Испораките на Тесла во првиот квартал пораснаа 6,3 проценти, но не ги достигнаа предвидувањата на Волстрит.
Тесла продаде 50.000 повеќе возила, отколку што продаде во првите три месеци.
Продажбата на Ривиан имаше скок од 20% и се движи според планот.
Тесла во првото тромрсечје испорача за 6,3 проценти повеќе возила во споредба со лани, кога имаше застој во испораките, поради тоа што се чекаше да стартува новата моделска година на Тесла Модел Уај.
За првите три месеци од 2026 година, Тесла објави на 2-ри април дека продала 358.023 возила, што е најслаб резултат во изминатите 4 квартали. Продукцијата била зголемена за 13 проценти во споредба со лани, со 408.386 возила.
Производителот на електрични возила не ја соопштува продажбата во САД посебно, но аналитичарите од различни страни предвидуваат дека во првите три месеци се испорачани меѓу 110.000 возила и 122.196 возила, што значи пад меѓу 4,6 и 15 проценти.
Тесла и останатите производители на ЕВ се соочија со намалена продажба во САД, откако купувачите ја загубија субвенцијата во висина од 7.500 долари, што беше укината на 30-ти септември и што предизвика силен пад во продажбата понатаму.
Резулатите на Тесла за првите три месеци не ги исполнија очекувањата на Волстрит, каде што се предвидуваше испораките да достигнат околу 369.000 возила. Како резултат од тоа, вредноста на акциите на Тесла падна за околу 4 проценти при отворањето на берзата,
„Тоа што бројот на испорачани возила разучарува не ни е изненадување, имајќи го предвид тековниот пад кај ЕВ,“ изјави Ден Ајвс, аналитичар на Ведбуш Секјуритис. Тој ја посочи слабата продажба на Тесла во Европа, но и растот во Кина.
Ајвс е голем приврзаник на Тесла и очекува акциите да растат во подолг рок. Тој напомена дека компанијата се посветува на роботски такси возила и хуманоидни роботи, од коишто се очекува да донесат раст во приходите.
Слабата побарувачка и ланските пожари во Лос Анџелес оставија траги врз продажбата на Ривиан
Ривиан Аутомотив пријави раст од 20 проценти во испораките во кварталот, во споредба со лани, кога продажбата беше погодена од пожарите во Лос Анџелес и воопшто од забавениот пазар.

Во трите месеци, Ривиан испорачал 10.365 возила, вклучувајќи ги доставните фургони што ги изработува за Амазон. Лани биле 8.640 возила до март.
Производителот со седиште во Ирвајн, Калифорнија, се движи според планот да испорача меѓу 62.000 и 67.000 возила во 2026 година, вклучувајќи го новиот кросовер Р2, што стартува со производство во вториов квартал.
















