Затворениот Ормуски Теснец го загрозува и производството на автомобили

Поскапувањето на нафтата не е единствената последица од затворањето на Ормускиот Теснец. Се загрозува и снабдувањето на фабриките за автомобили. Во најлошиот случај, производството ќе запре.

Затворањето на поморскиот пат од страна на Иран повлекува и дополнителни последици, покрај поскапувањето на горивата. Тоа погодува и важни патишта по коишто се снабдуваат производителите на автомобили. Доколку продолжи блокадата, престои прекин на производството.

Додека јавноста е загрижена околу кризата во Иран првенствено поради растот на цените на нафтата, затворањето на морскиот пат, доколку трае подолго, носи и големи ризици за автомобилското производство. Тоа го прогнозира студијата на консултантската куќа Берилс.

Според тоа, Ормускиот Теснец не е тема што ги погодува само мултинационалните нафтени компании и нивните клиенти, туку може да ги стави на тест на преживување самите производители на автомобили и нивните добавувачи од целиот свет.

По патот што смеат да го користат танкерите и широк е одвај четири километри, минуваат 20 проценти од светската трговија со нафта и течен нафтен гас. Доколку се попречи патот, последиците зафаќаат уште подалеку од точењето скапо гориво. Погодени се производството, транспортот и полупроизводите.

Високите цени на горивата се само врв на сантата мраз

Причина е тоа што затворањето на морскиот пат влијае во различни правци, како посредно, така и непосредно. Прво поскапуваат трошоците за енергија и за суровини. Нафтата и течниот нафтен гас водат кон поскапување на моторните горива, на струјата и на топлината што ја користи индустријата. Сите тие фактори влијаат силно врз производството што троши многу енергија, какви што се челичната и автомобислката индустрија.

Од друга страна, се врши притисок и врз добавувачите. Поаѓањето доцни, транспортот се префрлува на други патишта, а понатаму се јавуваат и други ризици што го продолжуваат времетраењето на транспортот и можат да го нарушат чувствителниот такт на испорака џаст-ин-тајм. Индустријата одамна се откажа од големи магацини, заради заштеда, и место тоа се потпира на точна и навремена испорака на нарачките.

Притисокот се пренесува и врз пазарите за петрохемиски полупроизводи. Пластиката, смолите и останати хемикалии, што се клучни за процесите во индустријата, но се далеку од свеста на јавноста, исто така поскапуваат и се достапни ограничено.

Регионалниот конфликт го загрозува светското производство

Токму овие „невидливи зависности“, може за миг да ја претворат локалната ескалација во проблем што го погодува целото светско производство. Експертите на Берилис посочуваат на сулфурот, како суровина што е потценета, а важна е за електричните возила. Според консултатите, околу половина од светскиот транспорт на сулфур по морски пат, се одвива по Персискиот Залив.

Кога ќе стивнат залихите, тоа ќе влијае непосредно врз расположливоста на батерии за електрични автомобили. Процените се дека залихите од сулфур во моментов се доволни за следните осум недели. Доколку залихите не се обноват и Иран не го отвори теснецот, производството ќе запре.

Тоа значи дека и електричните автомобили се загрозени од кризата, иако тие не користат гориво. Но, за да се произведуваат батериите, неопходен е сулфур.

Искуствата со претходната и со тековната криза од чипови, којашто во голем број случаи доведе до продолжување на роковите за испорака на возила за неколку месеци, исто како и до значително поскапување, треба да им биде поука на производителите и на нивните добавувачи, да ги проверат залихите и состојбите во логистиката, за соодветно да се обезбедат во случај на прекинување на снабдувањето. Обично, потценетите ризици се тие што носат најголема опасност.

Претходна објаваТесла ја качи продажбата, но пак е со најслаб квартал во изминатите 12 месеци
Следна објаваСузуки со посебна изведба од Свифт во чест на цутот на црешите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here