Тесла престанува со производство на Модел С и Икс, место тоа ќе изработува човеколики роботи

Во второто тромесечје од 2026 ходина, Тесла ќе го заврши производството на големите Модел С и Модел Икс. Олсободениот простор во фабриката во Калифорнија ќе се користи за поставување монтажна линија за хуманоидниот робот Оптимус.

tesla model x
Тесла Модел Икс се појави првпат пред светот во септември 2015 година, на посебен настан во седиштето во Фримонт.

Престанокот на производството на првите големосериски модели на Тесла е дел од преоѓањето на автомобилската компанија во производител на физички уреди на база на вештачка интелигенција (АИ). Нагласокот ќе се постави на приватни автопилотирани возила, роботски такси возила и хуманоидни роботи. Илон Маск го соопшти тоа за време на објавувањето на добивката во последниот квартал на 28-ми јануари.

Модел С во моментов чини 96.630 долари во САД, заедно со транспортни трошоци. Премиерата се случи во 2012 година и тоа беше прв големосериски модел на Тесла. Со овој чекор, стартапот премина во производител и со Модел С постави нови мерила во изгледот, досегот и бурното забрзување на електричните автомобили.

Кросоверот Модел Икс, чини 101.630 долари во САД со транспорт, и беше лансиран во 2015 година, препознатлив по крилестите задни врати. Прв модел беше Родстер, којшто се изработуваше во мали серии меѓу 2008 и 2012 година, како модифицирана верзијa на Лотус Елис.

Во 2025 година, продажбата на Модел С и Икс, како и на Сајбертрак, опадна за 40 проценти, на 50.850 возила. Маск не ги наведе продажбите по модел.

Модел С и Икс слабо се продаваат во Европа. Во 2025 година во регионот билепродадени 538 возила Модел С, што е пад од 70 проценти, и 639 возила Модел Икс, пад од 63 проценти. Двата модели заедно учествувале со 0,5 процент во вкупната продажба на Тесла во Европа, со 240.264 возила лани.

Фолксваген ја престигна Тесла како најпродавана БЕВ-марка, презеде титула и кај приклучните хибриди

„Ќе го ослободиме просторот за производство на Модел С и Икс во фабриката во Фримонт и ќе го претвориме во фабрика за Оптимус, со план на подолг рок да постигнеме производство на еден милион роботи Оптимус годишно“, кажа Маск.

Тесла веројатно нема да започне со помасовно производство на Оптимус до завршетокот на годинава, напомена Маск.

Намерата на Тесла со новиот модел на бизнис е светската економија да се развие до таков степен, што автономни роботи ќе произведуваат толку големо изобилство, што сите ќе имаат високи примања, вели шефот.

Роботско такси стартува во уште 7 градови

Маск предвиде дека во иднина само 5 проценти од возењето ќе го вршат луѓе, додека главнината од возењето ќе се сведува на автономни возила. Маск не наведе кога би се случило тоа.

Тесла во јуни 2025 го лансираше роботското такси во Остин. Во средината на месецов, возачите што го надгледуваа возењето станаа непотребни. Мина долго време, откако Тесла во 2019 година предвиде дека роботските такси возила ќе бидат пуштени до 2020 година.

Правите линии и едноставните површини на Тесла Сајберкаб се изведени по пример на Сајбертрак, затоа што извршниот директор Илон Маск цени дека „иднината треба да изгледа како иднината.“

Роботското такси ќе биде достапно во уште седум градови во првото полугодие: Далас, Хјустон, Феникс, Мајами, Орландо, Тампа и Лас Вегас.

Во моментов во фабриката во Тексас се поставува производствена лента за моделот што се користи за роботско такси, Тесла Сајберкаб, чиешто производство во помал обем ќе започне во првото полугодие. Сајберкаб има две врати и нема контроли за човек да управува со возилото.

Во АИ се вложуваат 2 милијарди долари

При објавувањето на финансиските резултати, Тесла најави дека ќе вложи две милијарди долари во компанијата за вештачка интелигенција на Маск, иксАИ.

Во последното тромесечје бил остварен промет од 24,9 милијарди долари, за 3% помалку од 2024 година. Чистата добивка опадна за 61 проценти, на 840 милиони долари.

Годишниот промет исто така опаднал за околу 3 проценти, на 94,8 милијарди долари и тоа е првпат компанијата да пријави пад во прометот. Испораката на возила во светот опадна за 9 проценти, на околу 1,64 милион возила.

Хуманоидни роботи се користат во производството

Тесла е меѓу неколкуте производители на автомобили, како Киа и Хјундаи, БМВ и Мерцедес-Бенц, што планираат да користат роботи со физиономија на човек, за пренесување предмети, кревање кутии, носење делови и вршење постапки за коишто во моментов се агажираат луѓе.

Израелската компанија Мобилај соопшти во јануари дека ја купила Менти Роботикс, компанија за развој на хуманоиди со седиште во Тел Авив.

Цената за производство при годишна продукција од 50.000 примероци би изнесувала околу 20.000 долари.

Аналитичари на Морган Стенли предвидуваат дека до 2050 година ќе бидат ангажирано преку 1 милијарда хуманоидни роботи. Пазарот ќе порасне на 5 трилиони долари до 2050 година.

Претходна објаваДонгфенг знае да игра и премиум, првиот модел на марката Воја е во салон
Следна објаваВечерва премиера на С-Класата на Мерцедес-Бенц, цел свет ќе ја следи онлајн

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here