за

Tesla ги прави своите суперполначи достапни и за други марки

Електрични возила од други марки ќе можат да ја користат мрежата од супербрзи полначи на Tesla. Тоа во почетокот ќе важи само во една земја.

Tesla одбележа поставување на 20-илјадитиот суперполнач

Брзите полначи на Tesla, познати како „суперчарџери“, во иднина ќе бидат достапни и за електричните возила од други марки.

Информацијата ја објавија неколку специјализирани вебсајтови, повикувајќи се на протоколот од седница на советот на извесна општина Вестланд во Норвешка. Американскиот производител се сложил да ја отвори својата мрежа од станици за полнење до септември следната година. Причина за одлуката е државната субвенција за изградба на станици со полначи, којашто следува единствено доколку станиците се достапни за сите електрични автомобили. Уште е неизвесно дали одредбата за Норвешка ќе важи и за суперчарџерите во останатите држави.

Подолго време кружат гласини и барања околу „отворањето“ на полначите. Шефот Илон Маск уште лани најави дека суперчарџерите може да се отворат и за останатите производители, доколку тие учествуваат финансиски во изградба на истите. Тогаш немаше конкретни бројки, ниту датум. Во Германија исто така се водат преговори за полначите да станат достапни за сите.

Недоволната инфраструктура од брзи електрични полначи важи како една од главните пречки за уште поголем пробив на електромобилноста. Мрежата од суперчарџери на Tesla е далеку најголема мрежа во сопственост на еден проиводител. Мрежата опфаќа 25.000 брзи полначи на 2.700 локации.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche 911 GT2 RS постави рекорд за сериски возила на Нирбургринг

Музејот на Volkswagen доби „буба“ со половина век служба во Јапонија