Брзите полначи на Tesla ќе можат сите да ги користат

Илон Маск, како и вообичаено објави на својата омилена друштвена мрежа твитер, дека планира уште годинава да ја отвори мрежата од брзи полначи за електричните автомобили од останатите производители.

Милтимилијардерот и несомнено светска ѕвезда Илон Маск, објави на твитер: „Нашата мрежа од суперчарџери подоцна во текот на годинава ќе ја отвориме и за останатите електрични автомобили“. Брзите полначи на пионерот на електромобилноста моментно можат да ги користат само автомобили од марката Tesla.

Мрежата од станици за брзо полнење на Tesla опфаќа околу 25.000 локации ширум светот. Остануваат неколку важни прашања на коишто Маск засега не дава одговор: Колку ќе чини полнењето струја за автомобилите од други марки? Како ќе се спречи возачките и возачите на Tesla да чекаат за полнење, додека клиенти на други автомобилски марки ја полнат батеријата на своето возило.

Како што објавивме уште минатиот месец, германскиот министер за сообраќај Андреас Шоер откри дека е во преговори со производители како Tesla, за нивната мрежа од полначи да се отвори за останатите производители. Од калифорнискиот специјалист тогаш немаше одговор.

Претходна објаваMercedes S-Class отсега вози и како хибрид
Следна објаваПоследниот од 40-те примероци од Bugatti Divo замина од Молсхајм

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here