Последниот од 40-те примероци од Bugatti Divo замина од Молсхајм

Молсхајм го заврши последниот во серијата од 40 примероци од Bugatti Divo. Во исто време, на акционерското собрание на концернот Volkswagen, беше објавено дека Bugatti формира заедничка компанија со хрватскиот Rimac.

Два големи настани во повеќе од 110-годишната историја на француската луксузна марка. Првиот проект на таканаречен Coachbuilding, односно изработка со каросериски и други зафати по нарачка на клиентот, што Bugatti го реализира во 21-от век, комплетиран е по тригодишен развој и период на производство.

Bugatti Divo 1 се разликува од Chiron и во изгледот и во техниката. Страничната силуета е пониска, изведени се дополнителни отвори за воздух и вградени се диодни светла со дневни светлечки единици во форма на бумеранг. Сето тоа прави Divo да изгледа поспортски и подинамично. Назад доминираатг 3D-светла со исклучително сложена форма, како составен дел од задната решетка. Дифузорот што е извлечен високо, исто така придонесува опашот да изгледа пошироко. Како погон служи W16-мотор од 8,0 литри, со моќност од 1.500 КС.

Сопственикот на последниот примерок од Divo 1 внимавал на традицијата. Главната боја на каросеријата, именувана „Bugatti EB 110 LM Blue“, потсеќа на последниот фабрички болид со којшто Bugatti учествуваше на Леман, на Blue Carbon. Името Divo потекнува од францускиот пилот и тркач Алберт Диво, кој 20 години во низа го возел Bugatti до победа, вклучувајќи шест триумфи на гранпри-трки и две победи на Тарга Флорио.

https://photos.app.goo.gl/ArBaDkg25F5jvzjy5

https://photos.app.goo.gl/jRtUE7466w8YTom7A

Претходна објаваБрзите полначи на Tesla ќе можат сите да ги користат
Следна објаваBMW му крои ново лице на X7

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here