Tesla ќе гради фабрика во Мексико, водата е голем проблем

Tesla ќе гради нова фабрика во Монтереј, објави претседателот на Мексико. Со тоа е ставен крај на повеќенеделната неизвесност околу локацијата што калифорнискиот специјалист за електрични автомобили ќе ја избере да гради фабрика во земјата.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор денес објави дека компанијата ќе ја гради фабриката, преземајќи големи обврски за да се надмине проблемот со недостигот од вода. АМЛО, како што уште го познаваат мексиканскиот претседател, по неговите иницијали, во понеделникот зборуваше телефонски со извршниот директор на Tesla, Илон Маск.

Плановите уште не се потврдени од Маск и од Tesla. „Тој беше мошне пресретлив, полн со разбирање за нашите грижи и ги прифати нашите предлози“, коментира АМЛО. „Му благодарам на господин Илон Маск што покажа целосна почит, внимание и разбирање за важноста на проблемот со недостигот од вода.“

Обврските за компанијата вклучуваат користење рециклирана вода во целата постапка на производството на електрични автомобили. Тоа се однесува дури и за лакирањето на возилата, изјави мексиканскиот лидер, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат познати во среда. Утре се одржува денот на инвеститорите во Tesla. Дополнителните обврски ќе бидат објавени во следната недела.

Лидерот на латиноамериканската нација претходно искажа загриженост дека недостигот од вода може да биде пречка за Tesla да го избере северот на Мексико, за таму да гради фабрика. Во минатиот петок, тој додаде и дека компанијата нема да добие дозвола за градба, доколку регионот нема доволно вода на располагање.

Лани во јули, властите беа присилени да го ограничат снабдувањето со вода во Нуево Леон, каде што се наоѓа Монтереј, на најмногу седум часови. Инаку постоеше опасност дека акумулациите ќе пресушат.

Мексиканските власти тогаш дури побараа фабриките и фармерите во Монтереј да отстапат дел од својата вода, за да има повеќе вода за народот. Земјата со недели со соочуваше со акутен недостиг од вода, при што АМЛО ги замоли компаниите во подрачјето да ја скусат потрошувачката на вода.

Tesla исто така се соочи со проблеми околу недостигот од вода за време на планирањето на една од двете нови фабрики што компанијата ги отвори лани. Маск во август 2021 година уште гледаше со потсмев на тој проблемот, но токму од таа причина дојде до одложување на стартот на фабриката за седум месеци. Тоа се однесува на фабриката во близина на Берлин.

Фабриката во Мексико ќе биде прва што е јужно од границата на САД и дел е од плановите на Маск за проширување на производството ширум светот. Другите две нови фабрики што се отворија во меѓувреме се наоѓаат во Остин, Тексас, и во Берлин.

АМЛО напомена дека Мексико не е во состојба да обезбеди високи субвенции за батерии и полупровосници, какви што постојат во САД. Додека траеше неизвесноста околу изборот на локацијата, неколку држави водеа маркетиншка војна, за фабриката да се гради на нивна територија.

Производството на електрични автомобили во Мексико порасна, главно поради зголемената побарувачка за електрични автомобили на извозните пазари. BMW најави нова инвестиција вредна 800 милиони евра во Сан Луис Потоси. Има најави и од други производители, меѓу кои и General Motors, за проширување на нивното производство на електрични автомобили во земјата.

Претходна објаваНа електричната лимузина на Lotus ѝ остана уште зимското тестирање
Следна објаваCitroen C3 најпродаван модел во јануари во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here